На 25-26.10.2014 година во хотелот „Цар Самуил“ во Банско - Струмица, се одржа јубилејното дваесетто издание на Републичкиот квиз натпревар на лицата со телесен инвалидитет на Македонија во организација на Мобилност Македонија. На натпреварот учествуваа 17 екипи од максимално можните 18 екипи (екипата на Мобилност Струга не се пријави за учество) и согласно пропозициите најнапред се одржа едно елиминаторно коло со цел да се пополнат четирите четвртфинални групи.
Повеќе: XX Републички квиз натпреварМобилност Македонија учествуваше на VIII Меѓународна конференција за статусот и правата на лицата со инвалидност во организација на Коалицијата за стратегија и изедначување на можностите и правата на лицата со инвалидност на Унско-Санскиот Кантон која се одржа од 21-23.10.2014 во Сански Мост, Босна и Херцеговина. Нашиот сојуз доби посебна покана од организаторот со барање да се вклучиме во работниот дел на конференцијата со презентација. Делегацијата на Мобилност Македонија ја сочинуваа: претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, генералниот секретар, Софка Прчева, и претседателот на Мобилност Скопје и член на УО на Мобилност Македонија, Дејан Ѓорѓиевски.
Повеќе: VIII Меѓународна конференција во Сански Мост, БиХМобилност Кичево на 18 октомври 2014 година во хотелот „Кичево“ ја оргнизираше тематската работилница под покровителство на Мобилност Македонија на тема мултиплекс склероза и церебрална парализа. Организаторот покани по три претставници од здруженијата членки на Мобилност Македонија да земат учество на работилницата.
Повеќе: Tематска работилница во КичевоНа 13 и 14.09.2014 година во хотел „Галеб“ во Струга во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, се одржа XXVI државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет на Македонија. На првенството учествуваа 20 натпреварувачи. Главен судија на натпреварот беше Тони Пајдаков, а натпреварувачите играа по Швајцарски систем во 7 кола со темпо на игра од 30 минути по играч.
Повеќе: XXVI државно првенство во шахНационалниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија годинава го одржа јубилејниот дваесетти по ред музички фестивал на лицата со телесен инвалидитет на Македонија. Осумнаесет од досегашните деветнаесет изданија се одржаа во хотелот „Цар Самуил“ во Банско, Струмица. Мобилност Македонија, по урнекот на музичкиот фестивал во Поморје, Бугарија, одлучи јубилејниот дваесетти по ред музички фестивал во Македонија да го одржи на отворена сцена.
Повеќе: XX Музички фестивал на лица со телесен инвалидитет