На 06.03.2025 година, во просториите на Мисијата на Светска Банка во Скопје, во присуство на повеќе претставници на Националните инвалидски организации на Македонија, претставници на Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и претставници на други здруженија и организации, се одржа работен состанок на кој од страна на претставниците од Мисијата на Светска Банка, Manuela Sofia Stanculescu и Georgiana (Geo) Blaj, беше претставен „Проектот за администрирање на социјалното осигурување“, кој ќе се спроведува од страна на Министерството за социјална политика демографија и млади, а со поддршка на Светска Банка.
Мобилност Македонија на овој состанок ја претставуваа претседателот, Бранимир Јовановски, и секретарот, Гораст Велковски.
На 09.01.2025 година, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, генералниот секретар, Софка Прчева и секретарот, Гораст Велковски, одржаа работен состанок со генералните директори на Фондот за здравствено осигурување на Северна Македонија, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, на кој присуствуваа и Даниела Стојановска Џинговска-Советник на Директорот за ортопедски помагала, Весна Маркоска-Директор на Сектор за ортопедски помагала и специфични здравствени услуги, и Елена Тулевска-Раководител на одделение за план и анализа.
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија – Мобилност Македонија, ги повикува своите членови и лицата со телесен инвалидитет кои имаат потреба од следните додатоци на ортопедски помагала, да се пријават на отворениот повик:
Право да поднесат барање имаат членовите на Мобилност Македонија и други лица со телесен инвалидитет од 18-65 годишна возраст, кои ги исполнуваат медицинските индикации согласно Правилникот за индикациите за оставрување на право на ортопедски и други помагала, а неможат да го остварат правото преку ФЗОРСМ.
Лица кои претходно од сојузот добиле некое од наведените помагала во последните 5 години, немаат право на пријавување. Предност имаат лицата кои досега го немаат остварено ова право.
Кон барањето треба да се достави документација:
- Наод, оцена и мислење од надлежен орган или Конзилијарно мислење за функционален статус (ортопед, физијатар и невролог);
- Потврда од УЈП за примањата на барателот за минатата година;
- Потврда од здружението, доколку е активен во работата на органите и телата на здружението или ангажиран во спроведување на програмските активности;
- Мислење од специјалист невролог дека лицето е способно самостојно и безбедно да ја управува инвалидската количка на електромоторен погон, инвалидска количка-скутер или електричниот ортопедски додаток;
- Потврда од Агенција за вработување дека лицето е невработено;
- Фотокопија од лична карта со која се потврдува возраста;
- Податоци за контакт, број од мобилен телефон и мејл адреса.
Јавниот повик ќе важи 15 дена од денот на објавување.
Барањето со целокупната потребна документација треба да се испратат по пошта на адреса: Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија - Мобилност Македонија, ул.„11 Октомври“ бр.42а, Скопје, или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Некомплетните документи како и ненавременото доставени барања, Комисијата нема да ги разгледува.
Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет
на Северна Македонија – Мобилност Македонија
На 02.11.2024 година, во хотелот "Вила Парк" во Струмица, се одржа јубилејното 25-то издание на традиционалната манифестација "Тортијада", во организација на Мобилност Струмица а под покровителство на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија - Мобилност Македонија.
На манифестацијата учествуваа 9 екипи од здружените членки: Скопје, Куманово, Штип, Прилеп, Кочани, Радовиш, Велес, Гевгелија и домаќинот Струмица.
Првото место за најдобро подготвена торта го освои Здружението Мобилност Гевгелија, второто место Мобилност Кочани а третото место го освои екипата на Мобилност Велес.
Манифестацијата ја отвори претседателот на Советот на општина Струмица, а водител на настанот беше Ѓорѓи Калајџиев.
Средства за одржување на манифестацијата беа обезбедени преку Министерство за труд и социјална политика.