Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, врз основа на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година објави Јавни огласи за поддршка на домаќинства кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија, преку доделување на:
1. Право на купен и вграден инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и енергетска класа од најмалку А+
2. Финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица кои припаѓаат на категоријата ранливи потрошувачи
Цел на огласот
-За лицата со најтежок телесен инвалидитет предвидени 19 милиони денари
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата на Република Северна Македонија, врз основа на член 10 став (4) од Законот за енергетика („Службен весник на РСМ“ бр. 101/25 и 135/25), ја донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, a во насока на унапредување на енергетската заштита и поддршка на граѓаните кои се соочуваат со социјални и здравствени предизвици.
Со оваа Програма се обезбедуваат 42.300.000 денари од државниот буџет, наменети за директна финансиска поддршка за најзагрозените категории на граѓани,
На 28.05.2025 година, во ДХО "Даре Џамбаз" во организација на Мобилност Македонија и ЗЕТА, се одржа работна средба помеѓу пратениците, Ангелина Петкова, Мерлие Салиу и Сашко Јанчев, членови на ИППГ за правата на лицата со инвалидност, со претставниците на лицата со инвалидност, Бранимир Јовановски, претседател на Мобилност Македонија, Гораст Велковски, секретар, Елена Кочовска и Јулијана Климоска претставбици од здружението ЗЕТА, Гоце Миновски, претседател на Мобилност Скопје, Дејан Ѓорѓиевски, секретар, и членовите Христина Просковска, Горан Спасов, и Дејан Петанчевски.
На 24-25.05.2025 година, во хотелот "Конгресен Центар" во Охрид, во организација на Мобилност Макединија и соорганизација со Параолимписки комитет на Северна Македонија, се одржа 37. Државно првенство на лица со телесен инвалидитет на Македонија на кое настапија 20 шахисти од здружените членки и една гостинка од Бања Лука.
Во фер и коректна борба, првото место го освои Јанчо Ѓорѓевски од Куманово со 6,5 поени (од 7 можни), второто Горан Војновски од Кочани со 5,5 поени, третото Александар Стојчески од Скопје со 5 поени.