На анонимниот конкурс за најдобри литературни творби во 2011 година објавен од страна на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија пристигнаа вкупно 16 песни, пријавени под шифри.
На 02.12.2011 година во галеријата на Домот на АРМ во Скопје, со поддршка и присуство на Претседателот на РМ, д-р. Ѓорге Иванов, се одржа донаторска изложба на уметничките дела насликани од академски уметници и талентирани лица со телесен инвалидитет за време на првата и втората меѓународна сликарска колонија на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА, одржани во Охрид 2010 и 2011 година. На изложбата присуствуваа и амбасадорите на Република Франција и на Република Италија, претставници на дипломатските претставништва на Бугарија и Германија, бизнисмени и членови на нашите општински и меѓуопштински здруженија.
На 05.11.2011 година во 10 часот во „Хотел Македонија” во Тетово Мобилност Тетово и Гостивар беше домаќин на вториот републички турнир во табла на Мобилност Македонија. На турнирот беа поканети сите здруженија на Мобилност Македонија, а земаа учество 20 натпреварувачи од 8 здруженија и тоа: Мобилност Дебар еден учесник, Мобилност Кочани, Штип, Велес и Струмица по двајца учесници, Мобилност Гевгелија тројца и Мобилност Скопје и домаќинот по четворица натпреварувачи. На турнирот се играа игрите табла и апс кој прв стигне до три систем на елиминација. На турнирот прво место освои Дејан Атанасовски од Мобилност Гевгелија, второ место Илчо Кангов исто така од Мобилност Гевгелија и третото место го освои Зоран Јовановски од Мобилност Струмица. Учесниците на турнирот ги поздравија и им посакаа успешен турнир gрадоначалникот на општина Тетово Д-р Сади Беџети, пратеникот на СДСМ, г. Стојко Пауноски, и пратеничката од ВМРО ДПМНЕ г-ѓа.Светлана Карапетрова.
Управниот одбор на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија на 14.10.2011 година, во просториите во ДХО „Даре Џамбаз” во Скопје, ја одржа својата четврта редовна седница.