По повод одбележувањето на 65 годишнината на „Макпетрол“А.Д.-Скопје, Управниот одбор на „Макпетрол“А.Д.-Скопје донесе одлука со која се одобруваат средства за активности за одбележување на нивниот јубилеј и средства за донации.
„Макпетрол“А.Д.-Скопје, на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија во Охрид „Св.Еразмо“ донираше болничка постелнина и телевизори.
На Јавната установа детски дом „11 Октомври“ во Скопје, „Макпетрол“А.Д.-Скопје донираше компјутери и комоди за дневниот престој.
Здружението за слепи лица од Скопје доби компјутери и верна картичка за гориво во висина од 40.000 денари.
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, од „Макпетрол“А.Д.-Скопје доби верни картички за гориво во вредност од 90.000 денари.
На 2-ри Декември во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, а по повод одбележување на „3-ти Декември“ – Меѓународен ден на лицата со инвалидност, во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет се одржа екипно Државно првенство во шах, на кое со свои екипи учествуваа:
-Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија Мобилност Македонија;
-Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија;
-Националниот сојуз на слепи на Mакедонија и
-Националниот сојуз на глуви на Македонија.
Одржани „18-ти Музички средби“ на лица со телесен инвалидитет на Македонија
Во големата сала на хотелот “Цар Самуил” во с.Банско-Струмица на 24.11.2012 година се одржаа осумнаесеттите музички средби на лицата со телесен инвалидитет на Македонија. Струмица и оваа година традиционално ги пречека најдобрите македонски интерпретатори на изворна народна музика од редот на лицата со телесна инвалидност. Оваа година манифестацијата имаше меѓународен карактер, а за да го добие тој епитет се погрижи гостинот од соседна Бугарија, интерпретаторот Кристијан Григоров од Велико Трново, кој настапи во конкуренција на натпреварувачката вечер со песната „Море пиле“. Имено, на иницијатива на нашиот музичар и тапанар на бендот „Феникс“, Николчо Делов од Кавадарци, Управниот одбор на Мобилност Македонија донесе одлука на средбата да покани шестчлена делегација од соседна Бугарија, раководни лица од фондацијата „Сила за живот“ кои секоја година во Поморје организираат слична манифестација на која учествуваат интерпретатори со најразличен вид на инвалидност. Во состав на бугарската делегацијата беа: претседателот на фиондацијата Јордан Стефанов, Зорница Стефанова – извршен директор на фондацијата, потоа музичарот аранжер и член на Управен одбор на фондацијата Александар Михајлов, интерпретаторот Кристијан Григоров и неговите родители како негови придружници и подржувачи на фондацијата „Сила за живот“.
Одржана најслатката манифестација на Mобилност Mакедонија
Здружението на лица со телесен инвалидитет на Струмица – Мобилност Струмица и оваа година петнаесетта по ред беше успешен домаќин на традиционалната „Тортијада„, најслатката манифестација што финансисики ја подржува Мобилност Македонија. Манифестацијата се одржа на 24 ноември во Банско - Струмица, и на неа учествуваа 12 здруженија на Мобилност Македонија и тоа од Скопје, Струмица, Тетово и Гостивар, Битола, Кавадарци, Кичево, Штип, Кочани, Радовиш, Гевгелија, Велес и Куманово како и Сојузот на лица заболени од мултипла склероза на северно банатскиот округ со седиште во Нови Кнежевац Србија.