Прва меѓународна креативна работилница во Охрид во организација на Мобилност Скопје
Почитувани читатели,во еден од минатите броеви на гласилото Феникс 86 ви ја преставивме нашата креативна работилница. Сега сакаме да ги споделиме новостите со вас.Мобилност Скопје организираше прва меѓународна креативна работилница за накит кој го изработуваа лица со телесен инвалидитет членови на мобилност Скопје.На работилницата беа поканети членови од здружението на лица заболени од мултиплекс склероза од Нови Кнежевац - Србија кој почестија со своето присуство.
Првата меѓународна креативна работилница траеше од 12.04 до 19.04.2013 во Охрид. Упорноста, желбата и истрајноста на нашите членови допринесе да создадеме можност за проширување на работилницата и надвор од Скопје, односно да формираме меѓународна креативна работилница да ги здружиме силите со нашите збратимени членови од Нови Књажевац и да создадеме досега најголема работилница со големи искуства кои резултираа благодарение на вештите раце на нашите членови како едни прекрасни уникатни рачни креации.
Одржана 10-та седница на Управниот одбор на Мобилност Македонија
На 26 март 2013 година во хотелот „Цар Самуил“ во Банско-Струмица се одржа 10-та седница на Управниот одбор на Мобилност Македонија. На истата беа поставени 15 точки на дневниот ред и беа дадени многу информации и донесени повеќе Одлуки и Заклучоци меѓу кои:
1.Беше усвоен записникот од претходната седница на Управниот одбор одржана на 09.02.2013 година и беа дадени информации за преземените активности меѓу двете седници на управниот одбор како то се барањето за обновителна рехабилитација, барањето за толкување на Статутарна одлука на УКиМ, барање до ЈП „Градски паркинг“ за паркирање на возилата на лицата со инвалидност од внатрешноста на РМ, барање на донација компјутери и друга техничка апаратура за здруженијата упатено до Министерство за информатичко општество и администрација, како и други индормации од интерес на членовите и здружените членки.
Одржана тркалезна маса на здружените членки на Мобилност Македонија
На 25 март 2013 година во хотелот „Цар Самуил“ во Банско-Струмица се одржа тркалезна маса на која учествуваа претставници од сите 17 здруженија на лица со телесен инвалидитет, здружени во Мобилност Македонија. Со истата како медијатор раководеше претседателот Бранимир Јовановски. Тој изнесе повеќе идеи за збогатување на активноста на Мобилност Македонија и здружените членки. Потоа беше отворена дискусија во однос на изнесените идеи и по завршување на дискусијата беа донесени следните Заклучоци:
1.Општинските здруженија да покажат зголемени активности на локално ниво и да организираат најмалку по една тркалезна маса (самостојно или со инвалидските здруженија од територијата на која делуваат) на секои 3-4 месеци на актуелна тема која ќе ја одберат. Во рамките на своите надлежности и средствата со кои располагаат може да организираат и регионални тркалезни маси меѓу здруженијата на Мобилност Македонија. За активноста која ќе ја спроведат се задолжуваат да составуваат месечен извештај и до крајот на месецот во електронска форма го досавуваат до Мобилност Македонија. Извештајот може, а и пожелно е, да биде со слики од активностите во резолуција најмалку 800 х 600 пиксели.
Осмомартовска средба
Традиционално и оваа година одржана е средбата за членовите од понежниот пол на Мобилност Скопје по повод Меѓународниот ден на жената - 8-ми Март, на ден 05.03.2012 година во ресторанот „Бисера“ во населбата Аеродром кој е со најадаптирани услови за лицата со телесен инвалидитет. Во пријатна атмосфера и со добра музика на веќе докажаната група До-Ре-Ми се гледаше задоволството на лицата на присутните на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената - 8-ми Март. Оваа година на оваа манифестација присуствуваа околу 80-тина членки на нашето здружение, како и неколку членови на Мобилност Куманово, со што се овозможи и поголема дружба помеѓу членовите на двете здруженија. На средбата оваа година беа присутни и Претседателот на Мобилност Македонија господин Бранимир Јовановски и Генералниот секретар на Мобилност Македонија, госпоѓа Софче Прчева како и Генералниот секретар на Национална Федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија, господин Драган Дојчиноски.