На иницијатива на Мобилност Македонија, а по добиена информација од нашите членови кои престојуваат во ЈУ Завод за заштита и рехабилитација на деца и младинци Бања Банско, како и со лична заложба на министерот за труд и социјална политика, г-дин Диме Спасов, поставена е рампа за полесно влегуванје и транспорт на лица кои користат инвалидска количка. Сега штитениците на заводот ќе можат полесно да се превезуваат до Струмица и околните места, секако со однапред искажана потреба и одобрение од директорот и стручната служба на заводот.
На 26.09.2013 година во ДХО „Даре Џамбаз“ беше одржана XI-та седница на Управниот одбор на Мобилност Македонија на која беа поставени и дискутирани повеќе прашања од интерес на сојузот, здружените членки и самите членови - лица со телесен инвалидитет.
На седницата беа донесени повеќе одлуки и заклучоци меѓу кои:
Намалување на цената на геодетските елаборати за легализација на бесправно изградени објекти за 50% за корисниците на постојана парична помош и самохрани родители на деца со инвалидност
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, Славе Трпевски информираа за намалување на цената на геодетските елаборати за легализација на бесправо изградени објекти за корисници на постојана парична помош и самохрани родители на деца со инвалидност.
Со оваа мерка на Владата на Република Македонија, се предвидува намалување на цената на чинење на елаборатите за легализација на бесправно изградени објекти со етажен и габаритен премер за 50% и тоа, за објекти до 50м2 и за објекти од 51м2 до 150м2, односно да се намали цената на чинење на елаборатот за легализација на бесправно изградени објекти и делови на објекти до 50м2 од 2000 денари и на 1000 денари, и да се намали цената за легализација на бесправно изградени објекти и делови на објекти од 51м2-150м2 од 41 денар по м2 на 20 денари по м2 односно намалување од 50%.
За искористување на ова право примателите на постојана парична помош и на самохраните родители на деца со инвалидност, треба да ги подигнат потврдите од центрите за социјална работа и да ги достават до Геодетските фирми.
Мобилност Скопје со својата креативна работилница во Нови Књежевац
Здружението на лица со телесен инвалидитет Скопје Мобилност Скопје учестваше на креативната работилница за рачна изработка на накит во Нови Кнежевац Србија, на покана од збратименото Здружение на лица заболени од мултипла склероза на Севернобанатскиот округ со седиште во Нови Кнежевац.
Заедничката соработка во спроведување на креативните работилници за изработка на накит e започната и трае повеќе години. Нивното искуство во изработка на накит го пренесовме кај нас. Тоа искуство пррасна во креативна работилница за изработка на накит и за меѓусебно другарување. Учесниците на работилницата си најдоа свое катче за изразување на своите способности, креативности и фантазии. Преку другарување и работа раководителот на работилницата Славица Стојановска успеа да ги задржи посетителите на работилницата и да го зголеми нивниот број. Така секој четврток се очекува со нетрпении и тоа е еден извонреден состанок на кој има две точки на дневниот ред и тоа работа и другарување.