Во конгресната сала на хотелот Холидеј во Загреб, Хрватска, на 11 и 12.11.2013 година се одржа XVIII Хрватски симпозиум на лица со инвалидност со меѓународно присуство (Македонија, Словенија, Финска, БиХ и Република Српска), а под покровителство на Претседателот на Република Хрватска, г-дин Иво Јосиповиќ, Mинистерството за труд и социјална политика на Хрватска и градоначалникот на Градот Загреб, г-дин Милан Бандиќ.
На симпозиумот учествуваше и делегација од Националниот Совет на инвалидските организации на Македонија во состав: Бранимир Јовановски од Мобилност Македонија, Драган Дојчиноски од цивилните инвалиди од војната на РМ и Чедомир Трајковски и Владо Крстовски од Републички центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост - Порака.
19-ти Републичкиот квиз натпревар за лица со телесен инвалидитет
Малата сала на хотелот “Цар Самуил” во с.Банско, Струмица од 08-10.11.2013 година беше претворена во арена во која се одвиваа дводневните борби помеѓу 17 екипи учеснички на 19-от Републички квиз натпревар за лицата со телесен инвалидитет на Македонија, во организација на Националниот сојузот на телесно инвалидизираните лица на Македонија – Мобилност Македонија.
Годинава, Управниот одбор на Мобилност Македонија одлучи да воведе новини во организирањето, одржувањето и наградувањето на Републичкиот квиз натпревар. Имено, најнапред се донесе одлука да се набави целосно нова апаратура за спроведување на квиз натпреварот. Се поврзавме со фирма од Велес која и досега ни ги одржуваше компјутерите и интернет страницата, и за еден месец согласно нашите барања и инструкции пултовите беа спремни да се стават во функција на натпреварот. Со модерни и елегантни дисплеи и мали правоаголни кутии со по четири тастери на секоја од нив, како и еден главен пулт од кој претседателот на жири комисијата ја координираше работата на пултовите и се грижеше за тајмингот на пријавувањето, опремата се покажа целосно исплатлива и моќна да даде нова димензија во спроведувањето на натпреварот.
19-тиМузички средби на лица со телесен инвалидитет на Македонија
И оваа година низ големата сала на хотелот “Цар Самуил” во с.Банско-Струмица ечеше македонска народна песна, се менуваа вокалните интерпретатори од редот на лицата со телесен инвалидитет еден по еден во желба да се закитат со едно од признанијата кои за најуспешните тројца интерпретатори ги обезбеди организаторот Мобилност Македонија, Манифестацијата 19-ти Музички средби на лицата со телесен инвалидитет на Македонија се одржа на 24.11.2013 година, а поред 15-те домашни изведувачи на македонски народни песни, кои се натпреваруваа за епитетот најдобар интерпретатор, во ревијалниот дел настапија двајца гости од Бугарија, Иван Караиованов со прекарот бугарски Том Џонс и Румен Михајлов, и двајцата членови на фондацијата „Сила за живот“ кои исполнија повеќе нумери од познати странски изведувачи.
16-та традиционална манифестација „Tортијада 2013“
Во саботата, на 9 ноември во хотелот „Цар Самуил“ во Банско Струмица се одржа 16-та традиционална меѓународна манифестација „Тортијада 2013“ во организација на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Струмица – Мобилност Струмица, а финансиски подржана од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија.
Учесниците ги пријавуваа тортите под шифра на самиот ден на пристигнувањето. Според пропозициите учесниците имаа право да ги донесат тестата за тортите направени, а филувањето и декоративниот дел од тортатата го приготвуваа пред жири комисијата.