НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

5На 13 и 14.09.2014 година во хотел „Галеб“ во Струга во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, се одржа XXVI државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет на Македонија. На првенството учествуваа 20 натпреварувачи. Главен судија на натпреварот беше Тони Пајдаков, а натпреварувачите играа по Швајцарски систем во 7 кола со темпо на игра од 30 минути по играч.

На крајот на првенството кое се одржа во исклучително фер и коректна атмосфера, првото место го освои Мирослав Бучевски од Скопје со 6 поени, второто место му припадна на Јанчо Ѓорѓевски од Куманово со исто така 6 поени, но послаб преогрес, додека третото место му припадна на Даниел Нуневски од Охрид со освоени 5 поени. Поред овие тројца натпреварувачи, уште следните сеум се пласираа директно за следното државно првенство и тоа: Адем Неби од Скопје, Трајко Илиевски од Прилеп, двајцата со по 5 поени, Ристо Фотевски од Скопје со 4,5 поени, Филипов Љупчо од Кочани, Благој Петровски од Велес, Тоде Арсов од Штип и Васко Стефановски од Битола, сите по 4 поени.

Согласно пропозициите, право на учество за следната година го загубија последнопласираните 5 натпреварувачи и тоа: Слободан Димоски, Драгиша Дукадиновски, Иван Ѓорѓиев, Ѓоко Костов и Димче Паунов.