Европско првенство во стрелаштво Аликанте 2013
-Две „стативи“ за македонските параолимпијци-стрелци
Македонската репрезентација во стрелаштво за лица со инвалидност учествуваше на Европското првенство во стрелаштво што се одржа во Шпанија, во Аликанте од 18-26.10.2013 година. Натпреварот беше спровден согласно правилата на ISSF и на IPC-Shooting. После подолго време, поточно од 2007 година, конечно најдобрите евтопски стрелци добија шанса да се натпреваруваат на ваков престижен натпревар. Република македонија на овој натпревар ја претставуваа: Бранимир Јовановски (тренер, селектор и натпреварувач), Оливера Наовска-Бикова, Ванчо Каранфилов и Лидија Крстеска (стрелци) и Драган Дојчиноски (тим лидер и асистент). Финансиската конструкција беше затворена благодаение на средствата од Агенцијата за млади и спорт, Министерството за труд и социјална политика, Општина Гази Баба, Скопје и Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ Скоје. Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет им изразува голема благодарност до нашите финансиери, спонзори и донатори.
На покана на Инвалидските здруженија и сојузи на Унско-Санскиот кантон,четворица претставници на Мобилност Македонија присуствуваа на Седмата Меѓународна конференција за статусот и правата на лицата со инвалидност.Составот на екипата беше Васил Томов,Рашо и Живка Талунџиќ и Горан Војновски.
Конференцијата се одржа во рамките на Кампањата “Да делуваме заедно” која ја спроведува Коалицијата за стратегија и изедначување на можностите и правата на лица со инвалидност на Унско-Санскиот кантон.
Конференцијата се одржа на 23 и 24 октомври 2013 година во Сански Мост хотел Златна долина а гостите од страна беа сместени во хотел Санус.
Oбука за користење и поправка на инвалидски колички
Минатата година Мобилност Македонија преку Црвениот крст на град Скопје, оствари соработка со американската хуманитарна организација „Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни“, кога договори донација во ортопедски помагала. Оваа организација на барање на Мобилност Македонија обезбеди: 145 собни и теренски инвалидски колички, 58 бастуни, 58 подлактни штаки, 35 подпазувни патерици, 11 одалки, 98 антидекубитални перничиња со гел, 21 антидекубитални перничиња со пена, 50 резервни гуми за инвалидски колилки и 50 резервни гуми за патерици .
Средба на претставниците на Националните инвалидски
организации со најуспешните бизнис компании во Македонија
Во организација на Министерството за труд и социјална политика, на 16.10.2013, претседаелот на Мобилност Македонија заедно со претставниците на националните сојузи на слепи, глуви и наглуви и интелектуално попречени лица присуствуваше на работна средба со преку 30 претставници од најуспешните компании од бизнис секторот во Македонија. Средбата се одржа во Конгресната сала во Спортскиот центар “Борис Трајковски” во Скопје.