Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет во месец мај оствари контакт со годпоѓа Сара Џимер, директор на секторот за безбедност и односи со јавност при Амбасадата на Велика Британија во Скопје. Целта на посетата на Сара Џимер на просториите на нашата федерација беше желбата да им помогне финансиски на македонските параолимпијци – стрелци со средства кои ќе ги искористат за покривање на трошоци за учество на следните натпревари во тековната година.
По завршување на Параолимписките игри во Лондон минатата година, македонските стрелци на првиот и единствен меѓнароден натпревар годинава, Светскиот куп во стрелаштво во Анталија од 13-18 мај го крунисаа со освоени 4 минимум норми за учество на Европското пвенство во стрелаштво, што ќе се одржи во Аликанте, Шпанија, во октомври годинава и со три медали.
ОДРЖАНА I-ТА ТЕМАТСКА РАБОТИЛНИЦА И ОДБЕЛЕЖАН 20-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА МОБИЛНОСТ ДЕБАР
На 11.05.2013 година, согласно одлуката на Управниот одбор на Мобилност Македонија во Дебар се одржа I-та пo ред тематска работилницa во рамките на која пригодно беше одбележан и јубилејот 20 години успешно работење и делување на Мобилност Дебар. Во присуство на членови на скоро сите здруженија на Мобилност Македонија, гости од невладини организации на Дебар, претставници на подрачни едници на одделни министерства, соработници и пријатели, како и претставници од инвалидските организации на Република Албанија, Атли Горенца, претседателот на Мобилност Дебар им се обрати на присутните и им се заблагодари за нивното присуството на одбележувањето на нивниот јубилеј.
Четврта меѓународна ликовна колонија „Охрид 2013“
Во организација на Мобилност Македонија, во апартманите во населбата Охридати во Охрид од 20-27.04.2013 година беше одржана четвртата меѓународна ликовна колонија „Охрид 2013“ на која настапија 14 ликовни уметници од земјата и странство.
Организацискиот одбор на ликовната колонија при Мобилност Македонија за учество на годинашното 4-то издание ги селектира следните уметници: Проф. Димитар Малиданов од Скопје, Проф. Зоран Јакимовски од Куманово, Проф. Ибрахим Беди од Скопје, потоа академските сликари Димитар Мајанов од Скопје, Богоја Мојсоски од Охрид, Спасе Перовски од Велес, Валентина Илиевска од Куманово, Намдагжанчивин Литов од Монголија кој живее во Скопје, Јанко Лацо од Зрењанин-Србија, Клара Касаш-Томиќ од Нови Сад-Србија, како и уметниците со инвалидност Тома Димовски од Скопје, Роза Мојсовска од Банско-Струмица, Војко Гашперут од Седло-Словенија и Метод Закотник од Шкофја Лока-Словенија. Гост на колонијата беше Славица Зориќ од Нови Кнежевац, претседаел на заболени од МС на Севернобанатски округ-Србија.