Како резултат на проектот „Следење на примената на Законот за бесплатна правна помош“ спроведуван од 6 здруженија на граѓани во соработка и подршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија во 2011 и 2012 година, од 29 јануари оваа година стартуваше нов портал за бесплатна правна помош.
Името на порталот е „Пристап до правдата“ кој се залага за промоција на бесплатната правна помош и овозможува еднаков пристап до правдата за сиримшните граѓани и ранливите категории граѓани, односно има за цел да го олесни пристапот до правдата на граѓаните.
Нацрт ревидирана Национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјална исклученост 2010-2020
Во рамките на активностите на Министерството за труд и социјална политика за ревидирање и усогласување на Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост 2010-2020, со европските политики, мерки и индикатори, во хотелот Гранд Плаза на 21.01.2013 се одржа работен состанок на кој присуствуваа и претставници од Мобилност Македонија.
„Социјална инклузија и интеграција на ранливите групи на пазарот на трудот“ и „Вклучување во пазарот на трудот-добри практики“
Претставници од Мобилност Македонија, во рамките на проектот „Поттикнување на социјалната инклузија и инклузивен пазар на труд“ се вклучени во мултисекторската и мултиинституционалната тематска група, која е одговорна за изготвување на акциски план за вработување на лицата со инвалидност учествуваа на тематската работилница одржана во Клубот на новинарите на 10.01.2013 година. Акцискиот план ќе придонесе кон зголемување на нивната вработеност и ќе се потпомогне нивното задржување на пазарот на трудот, преку одговарање на специфичните потреби и потенцијали на ранливите групи.
Традиционално новогодишна средба во организација на здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје Мобилност Скопје и оваа година се одржа на 22.12.2012 година во прекрасниот амбиент на ресторанот Бисера во населбата Аеродром, кој е со најадаптирани услови за лицата со телесн инвалидитет. На новогодишната средба присуствуваа гости од сите општински и меѓуопштински здруженија низ Македонија, како и гости, соработници и пријатели. На нашата забава присуствуваа околу 350 лица. Одличната атмосфера и прекрасната музика на групата ДоРеМи ги забавуваше присутните.