Мобилност Македонија со свои претставници учествуваше на тркалезната маса во организација на Институтот за човекови права на тема „Дискриминација, состојби и предизвици“ одржана во хотел Континентал во Скопје на 13.12.2012 година. Целта на тркалезната маса беше да се истакне потребата од одржување на надзорна расправа во Собранието за имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација со цел формално разгледување на имплементацијата на законот и анализа за негово подобрување.
На 09.02.2013 година во Домот на ХО „Даре Џамбаз” Скопје, со почеток во 12 часот се одржа Седницата на редовното годишно Собрание на Мобилност Македонија.
Со седницата раководеше претседателот на сојузот, а по утврдувањето на дневниот ред, беа избрани записничар и двајца оверувачи на записникот.
По разгледувањето и усвојувањето на Записникот од седница на Собранието на Мобилност Македонија одржана на 28.02.2012 година, се донесоа повеќе одлуки за усвојување на одредни акти на Мобилност Македонија меѓу кои:
Mобилност Mакедонија – учесник на тематска работилница, семинар, работен состанок и тркалезна маса
Семинар на тема
„Професионалната рехабилитација на лицата со инвалидност и лицата со намалена работна способност“
Во организација на Министерството за труд и социјална политика и Федералното министерство за труд, социјални прашања и заштита на потрошувачите на Австрија, се одржа семинарот на тема „Професионалната рехабилитација на лицата со инвалидност и лицата со намалена работна способност“, на кој учествуваа претставници на Мобилност Македонија и на кој беа презентирани европските и австриските искуства на ова поле.
На семинарот се дискутираше како и со какви мерки можат да се мотивираат работодавачите и работниците со намалена работоспособност преку преквалификација и доквалификација да останат вклучени во работниот процес.
Одржана тркалезна маса на тема „Политики и практики за вработување на лица со попреченост“
Во организација на УНДП и Министерството за труд и социјална политика, на 06.12.2012 година во „Холидеј Ин“ се одржа тркалезна маса на тема „Политики и практики за вработување на лица со попреченост“, на која учествуваа претставници од Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во Македонија, претставници на министерства, институции, здруженија на граѓани и други заинтересирани организации. Мобилност Македонија на оваа тркалезна маса го претставуваа: претседателот Бранимир Јовановски, генералниот секретар Софка Прчева, Оливера Наковска-Бикова од Битола и Рубин Ристески од Прилеп.
Пред да започне работниот дел на тркалезната маса, присутните ги поздравија: г-дин Алесандро Фракасети, заменик постојан претставник на УНДП во Македонија, г-дин Ибрахим Ибрахими, заменик министер за труд и социјална политика и Бранимир Јовановски, претседател на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во Македонија. Модератори на тркалезната маса беа г-ца Милица Трпковска, вработена во УНДП и г-ѓа Силва Пешиќ, советник за човекови права на постојаниот координатор на ОН во Македонија.