Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија на 10.03.2015 година ја одржа првата седница на Управниот одбор на сојузот за мандатниот период 2015-2019 година.
На седницата беа поставени бројни точки на дневниот ред. Најнапред беше разгледан и усвоен Записникот од седницата на УО одржана на 24.01.2015 година, потоа од страна на претседателот беше дадена исцрпна информација за реализирани активности помеѓу двете седници на Управниот одбор и беа избрани работните тела и комисиите на Мобилност Македонија за новиот мандатен период и тоа:
- Дисциплинска комисија: Марина Ташкова, Нермине Изаири и Васил Томов;
-Комисија за здравство и опоравок: д-р.Нико Јанков, д-р.Славчо Илиев, Рашо Талунџиќ, Нада Таневска и Горан Здравков.
-Комисија за образование и култура: Томче Најдовски, Стеван Ангелевски, Мери Туџарова, Кире Огненовски и Никола Марачков;
-Статутарно правна комисија: Елица Трпковска, Персида Пренџова и Митко Фидановски;
-Комисија за спорт: Васко Стефановски, Дејан Ѓоргиевски, Лидија Успрцова, Дејан Атанасовски и Томи Јаневски;
Повеќе: Прва седница на Управниот одборОдржана конститутивна седница на Собранието на Мобилност Македонија
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија на 28.02.2015 година одржа конститутивна седница на Собранието на сојузот за мандатниот период 2015-2019 година.
По спроведените избори во седумбнаесетте здруженија, членки на Мобилност Македонија, беше составен списокот на 35 нови претставници за состав на Собранието на националниот сојуз.
Седницата до избор на претседател ја водеше најстариот член, Штерјо Нниколов од Штип. По изборот на записничар и двајца оверувачи на записникот, бе избрани верификациона и кандидациона комисија.
Повеќе: Седница на Собранието на Мобилност МакедонијаМобилност Струмица, во соработка со тим од Општина Струмица изготви проект кој беше поддржан од Германската Амбасада во Скопје. Германската Амбасада за членовите на Мобилност Струмица обезбеди грејно тело, електричен камин,кој ке се користи во канцеларијата, како и склоплива рампа, наменета за возилото на Мобилност Струмица, како и за полесно премостување на одредени помали архитектонски бариери. На примопредавањето на оваа донација од страна на претседателката Лилјана Матеничарска и госпоѓа Марина Серафимова- претставник од Германска Амбасада, беа присутни и претставници на Општина Струмица, како и повеке членови на Мобилност Струмица. Во знак на благодарност за хуманиот гест на Амбасадата на Р.Германија, претседателката Лилјана Матеничарска, на госпоѓа Марина Серафимовска и врачи уметниичка слика, насликана од нашата позната сликарка Роза Мојсовска да ги краси просториите во Амбасадата.
Повеќе: Донација за Мобилност СтрумицаВо последната деценија, словенечкиот главен град Љубљана е во постојано развивање и привлекување на се повеќе и повеќе посетители од целиот свет. На почетокот на декември 2014 година, Љубљана ја доби третата (бронзена) награда за „Пристапен град за 2015 година“, која е доделена од страна на Европската комисија. Ова признание ја сврстува Љубљана меѓу најуспешните европски градови во областа на пристапноста на јавниот простор за лицата со инвалидност.
Повеќе од 60 европски градови учествуваа на овогодинешниот натпревар за престижната награда, која се доделува од страна на Европската комисија. На доделувањето на наградите во Брисел, на почетокот на декември, шведскиот град Борас ја доби првата награда, финскиот град Хелсинки ја доби втората награда, додека на Љубљана и припадна третата (бронзена) награда.
Наградата „Пристапен град“ е иницијатива на Европската комисија, дизајнирана со цел да се обезбеди поттик за реализирање на основните цели на пристапност опишани во Европската стратегија за лицата со инвалидност за периодот 2010 - 2020 година. Нејзината цел е да ги потенцира и награди градовите кои систематски ги планираат и спроведат мерките за подобрување на пристапноста во урбаната средина за лицата со инвалидност во однос на јавните простори, станови, детски игралишта, јавниот транспорт и комуникациска технологија.
Повеќе: Љубљана третото место во „Пристапен град за 2015“Одбележан „4 Декември“ - Ден на лицата со телесен инвалидитет на Македонија
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија на 4.12.2014 година во ресторанот Арена во Тетово со пригодна програма го одбележа „4 Декември“ Денот на лицата со телесен инвалидитет на Македонија. Оваа година, кога одбележуваме 28 години успешна работа на Мобилност Македонија, домаќин на манифестацијата беше Мобилност Тетово кои вложија навистина голем напор да обезбедат максимални технички услови и одлична културно-забавна програма со што придонесоа за збогатување на содржината на манифестацијата.
Повеќе: Одбележан „4 Декември“