НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

pomorje3            Делегација од „Мобилност Македонија“ учествуваше на 10. јубилејно издание на традиционалните музички средби на лицата со инвалидност „Поморје 2015“ во соседна Бугарија, кое се одржуваше од 26 до 31 август 2015 година. Како и досега, организатор е фондацијата „Сила за живот“ од Велико Трново.  Покрај вообичаениот патрон на манифестацијата – градоначалникот на Поморје, веќе втор пат покровител е и народниот правобранител на Р. Бугарија.
            За време на манифестацијата се остварени повеќе средби и разговори за идна соработка, а нашите претставници во музичкиот дел: Никола, Севдет и Соте се прикажаа во најдобро светло. Од настаните споделивме убави мигови кои ќе ни останат во сеќавање. 

Повеќе: Фестивал „Поморје 2015“ Бугарија

LogoНабавка на патнички автомобили за лица со инвалидност со рефундирање на средства за ДДВ, акцизи и царина

Мобилност Македонија со години наназад мошне активно делуваше на полето на враќањето на правото за набавка на патничко моторно возило со враќање на данок на додадена вредност, акцизи и царина за лицата со најмалку 80% телесно оштетување на долните екстремитети или карлица (онака како што беше остварување на ова право со стариот Закон за данок на промет на производи и услуги, член 14 точка 14 кој од 1999 година е вон сила). Сме напишале десетици писма со Владата на РМ, до Министерството за финансии, до Министерството за труд и социјална политика, остваривме многу состаноци, преговори и договори, баравме ова право да е слободно право на лицата со телесен инвалидитет кои ги исполнуваат наведените критериуми, предлагавме заштитни механизми од злоупотреба на ова право, и конечно се донесе Закон за измена и дополнување на закон за социјална заштита (Службен весник на РМ бр.33 од 05.03.2015 година), во кој закон е вметната нова глава VII-А која гласи РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛИ и содржи пет нови члена од 213-а до 213-д и нов член 254-б. Со овие членови се уредува можноста за набавка на патнички автомобил, меѓутоа решението не е најдобро за лицата со телесен инвалидитет.

Повеќе: Набавка на моторно возило со рефундирање

1 521-ви музички фестивал на Мобилност Македонија

Градот Струмица, на 11.08.2015 година во прекрасна атмосфера и пред бројни посетители, по 20-ти пат беше домаќин на Музичките средби на лицата со телесен инвалидитет на Македонија (од вкупно одржани дваесет и едни средби) во организација на „Мобилност Македонија“. Од минатата година, музичкиот фестивал на лицата со телесен инвалидитет се одржува под отворено небо во рамките на манифестацијата „Струмица Опен Фестивал“. Годинава, манифестацијата се одржа  под мотото: „Само небото може да биде граница за амбициите и креативноста на Мобилност Македонија“.

Гости на манифестацијата беа: Градоначалникот на Струмица, г-дин Зоран Заев во придружба на претседателот на Советот и неколку советници, претседатели и членови од повеќе здруженија - членки на Мобилност Македонија, како и делегација од Фондацијата „Сила за живот“ од Бугарија, предводена од претседателот на фондацијата, г-дин Јордан Стефанов.

Повеќе: 21-ви музички средби

Logo            Често пати имам впечаток дека сите ние не ги знаеме доволно нашите права од социјалната заштита. Некои од нас делумно а други воопшто не ги знаат сите права кои се од сферата на социјалната заштита и често пати поради тоа некои од нашите членови не ги остваруваат овие права а можеле да ги користат доколку се запознаат со своите права. Затоа во овој текст накусо ќе се обидам да ги информирам членовите на Мобилност Македонија со основните право од социјалната заштита со надеж дека некои од вас кога ќе се информираат полесно и ќе си го остварат своето право кое им припаѓа но од разни причини не го оствариле.

            Во Законот за социјална заштита  (ЗСЗ) се опфатени различни права од областа на социјалната заштита кои наполно или во одредени сегменти  се однесуваат на лицата со инвалидност. Според овој Закон „инвалидно лице се смета лице со ментална или телесна попреченост“.

Повеќе: Права од социјалната заштита

avrmВрз основа на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2015 година, предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, Агенцијата за вработување на Република Македонија на 18.07.2015 година,  објавува

 

 

ЈАВЕН ОГЛАС

до

невработените инвалидни лица

Повеќе: ЈАВЕН ОГЛАС