Проект „Достапна администрација за лица со инвалидност“
Владата на Р.Македонија спроведе проект кој е насочен кон помош на лицата со инвалидност за ослеснување на нивната состојба и надминување на бариерите со кои се соочуваат при остварување на нивните права. Имено, во периодот од октомври до декември 2014 година беа спроведувани низа на обуки низ кои беа обучени 776 вработени лица во државната и јавната администрација и во институциите на системот, кои доаѓаат од вкупно 269 институции, со цел да се надминат бариерите со кои се соочуваат лицата со инвалидност и олеснување на нивната комуникација со државните служби за остварување на нивните права и обврски. Сертификатите беа доделени во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, а на церемонијата на доделувањето на сертификатите на обучени лица во рамки на Проектот „Достапна администрација за лица со инвалидност“ присуствуваа министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.
Повеќе: Проект „Достапна администрација“Традиционалната новогодишна средба во организација на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје – Мобилност Скопје и оваа година се одржа на 21.12.2014 година во прекрасниот амбиент на ресторанот „Бисера“ во населбата Аеродром, кој е со најадаптирани услови за лицата со телесен инвалидитет. На новогодишната средба присуствуваа гости од сите општински и меѓуопштински здруженија од Македонија, како и гости соработници и пријатели. На нашата забава присуствуваа околу 300 лица. Прекрасната музика на групата „Би-би-си“, која ги забавуваше гостите, на прави одлична атмосфера, со што дури и некои од присутните запеаја. Атмосферата беше надополнета со културно-уметничка програма на културно-уметничкото друштво Никола Јовков Вапцаров како и прекрасните АнетаНаковска, Јулија и Злате Антевски, кои беа пријатно изненадување за сите присутни.
Повеќе: Новогодишна средбаИницијален состанок на тема „Програма за реформи во социјалните и политиките за вработување“
На 17.12.2014 година во „Музејот на македонската борба за државност и самостојност“ во Скопје, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, учествуваше на Иницијалниот состанок по покана од Министерството за труд и социјална политика како еден од презентерите. На овој важен Иницијален состанок практично се започна креирањето на Програмата за реформи во социјлните и политиките за вработување, меѓу кои и за политиките за вработување на лицата со инвалидност. Процесот во разни фази се предвидува да трае континуирано до 2020 година.
Мартин Клауке, раководител на одделот за соработка во рамки на Делегацијата на Европската унија во Македонија, смета дека оваа програма ќе ја приближи Македонија кон Унијата и дека ќе овозможи економскиот раст да се фокусира кон зголемување на вработувањето. Тој смета дека со заедничка работа во текот на следните години на спроведување на потребните реформи и обид Р.Македонија да ги исполни сите цели потребни за пристапување кон ЕУ, програмата може да стане важна алатка за справување со невработеноста, да обезбеди социјалната инклузија, како и да придонесе за подобрување на целокупната состојба на граѓаните и ќе овозможи поголем пристап на Мкаедонија до фондовите на Унијата.
Повеќе: Иницијален состанокАпел на Мобилност Македонија до комисиите за определување на право на инвалидска пензија
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, како инвалидска организација во која членуваат преку 7.200 лица кои имаат пречки во мобилноста поради телесна инвалидност предизвикана од параплегија, дистрофија, ампутација на екстремитет, детска парализа, церебрална парализа, мултиплекс склероза и други невро мускулни или коскени заболувања, се обрати до Секторот за остварување на правата од пензиското и инвалидско осигурување при Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, како и до Секторот за пензиско и инвалидско осигурување при Министерство за труд и социјална политика, со апел до Комисијата за оцена на работната способност, како и до Комисијата заревизија на наод, оцена и мислење за утврдена инвалидност, односно неспособност за работа.
Повеќе: Апел на Мобилност Македонија до комисиитеДраги пријатели,членови на сите македонски здруженија на лица со телесен инвалидитет,искрено се надеваме дека оваа наша 18 годишна Тортијада ви остави сладок вкус во устата, а ние струмичани ви испракаме прегратки и бакнежи надевајки дека тој сладок вкус ке ве држи се до следната Тортијада! Полнолетството на оваа Тортијада не е мала и неважна работа,пријателството и љубовта што овде се раѓаат мора и тоа како да продолжат за во иднина.Затоа пред нас организаторите претстои Духовна задача која што ке го полни со насмевки и радост нашето битие,зашто самата љубов кај лицата со посебни потреби е вистинска Револуција во нивните срца! Имам потреба да дадам еден краток осврт околу Лицата со посебни потреби зашто нашето животно искуство е на еден начин етична револуција во која АКО ПОБЕДУВАМЕ не не очекува сигурно пат послансо ружи,туку понатамошна смртна борба помегу минатото,сегашноста и иднината!Како личност,човекот со телесен инвалидитет како и секоја нормална личност поседува слободна волја,а пак таа негова волја не се изразува на создавањето нешто ново од ништо што воопшто не било,туку тој самиот треба да предизвика кај себе ВОЛЈА НА ТВОРЕШТВО која би избила од него самиот и би се совпаднала или самата во исто време би се корегирала преку моќта и волјата на Самиот Космос,којшто е,да потсетиме од збор и љубов створен да битисува ,па Кој и да бил Створителот тоа е сеедно.
Повеќе: Полнолетна Тортијада 2015