По повод „3-ти Декември“ - Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, Македонскиот параолимписки комитет на 29.11.2015 година, во ДХО “Даре Дзамбаз” го организираше 4-то екипно Државно првенство на Македонија во шах за лица со инвалидност на кое учествуваат 4 екипи и тоа: Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија-Мобилност Македонија со екипа во состав: Јанчо Ѓорѓевски, Љупчо Филипов, Горан Војновски и Мирослав Бучевски, Национален сојуз на слепи на РМ со екипа во состав: Миле Чапанов, Зоран Костадиновски, Трајче Димов и Хамди Џемаили, Национален сојуз на глуви и наглуви на РМ со екипа во состав Ѓорѓи Георгиев, Драги Андоновски, Вукашин Аврамовски и Беким Асипов и Национален сојуз на цивилни инвалиди од војната на РМ со екипа во состав Жарко Селковски, Мусли Пајазити, Коста Костов и Крум Митковски.
Првенството го отвори претседателот на НФСРИМ-МПК, Тихо Русовски, главен судија на натпреварот беше Тони Пајдаков. Се играше Бергеров систем на 4 табли со темпо 30 минути по играч.
Повеќе: Екипно Државно првенство во шах 2015Во рамките на активностите во мал фудбал, екипата на Мобилност Македонија го одигра својот четврти ревијален натпревар, овојпат на 22.11.2015 година во Струмица со екипата на Академијата Пандев.
Во регуларниот дел натпреварот заврши нерешено 6:6. По изведувањето на пеналите, победи екипата на Академија Пандев со 4:2.
Голема благодарност до Академијата Пандев за пружената рака на поддршка и согласноста да се одигра овој натпревар на кој беше прикажана допадлива игра, залагање и борбеност на учесниците.
Повеќе: Натпревар во мал фудбалМеѓународна конференција на тема „Конвенција на ООН за правата на лица со инвалидност и нејзиното влијание врз националното законодавство и политики“
На 19.11.2015 година во хотел „Континентал“ во Скопје, во организација на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во РМ и Министерството за труд и социјална политика неше одржана Меѓународна конфрернција на тема: Конвенција на ООН за правата на лица со инвалидност и нејзиното влијание врз националното законодавство и политики“ на која учествуваа презентери од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и домаќинот Македонија.
Повеќе: Меѓународна конференција на НКТВо организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет, на 15.11.2015 година во спортската сала на гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово беше одржано државното првенство на Македонија во пинг понг за спортисти со инвалидност на кое учествуваа 24 пингпонгари, во 5 натпреварувачки категории. Главен судија на натпреварот беше Мики Трендафиловски. Првенството го отвори претседателот на федерацијата Тихо Русески, а во исклучително фер и коректна борба првите места по категории ги освоија следните спортисти:
Повеќе: Државно првенство во пинг понг 2015ОДРЖАН ШЕСТИОТ РЕПУБЛИЧКИ ТУРНИР ВО ТАБЛА ВО МОБИЛНОСТ ТЕТОВО И ГОСТИВАР
На ден 14 Ноември 2015 година беше одржан шестиот Републички турнир во табла на телесните инвалиди во Македонија. Турнирот беше одржан во Ресторан Арена во Тетово. Мобилност Тетово и Гостивар и оваа година традиционално беше домаќин. Од вкупно 16 здруженија на Мобилност Македонија на турнирот учество земаа 13 здруженија, со по двајца а некои и четворица натпреварувачи.Имаше вкупно 31 натпреварувачи кои играа во две добиени систем на елиминација. Во финалето влегоа двајца натпреварувачи од Мобилност Кочани и двајца од Мобилност Тетово. По одиграните натпревари за прво и второ место се бореа двајцата натпреварувачи од Мобилност Кочани и прво место освои Љупчо Филипов, а второ Јаќим Анастасов. За трето место се бореа двајцата натпреварувачи од Мобилност Тетово и Гостивар и третото место го освои Ненад Ѓероски. Дипломи и награди беа поделени од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Светлана Карапетрова и Претседателот на Мобилност Тетово и Гостивар Велибор Јаќимовски, и тоа: пехар за првиот, табла за вториот и пијалок за третиот, како и по два пара папучи за сите тројца.
Повеќе: Tурнир во табла