НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

LogoНа 20.02.2016 година во Скопје до ДХО „Даре Џамбаз“ се одржа седница на редовно годишно Собрание на Мобилност Македонија со следниот дневен ред:

1.  Разгледување и усвојување на записникот од Конститутивната седница на  Собранието на Мобилност Македонија одржана на 28.02.2015 година

2. Разгледување и усвојување  на Извештајот за  работа на Мобилност Македонија за 2015 година;

3. Разгледување и усвојување на Извештајот од Надзорниот одбор за извршената контрола врз материјално-финансиското работење на Мобилност Македонија во 2015 година и Разгледување и усвојување на Извештајот за финансиско и материјално работење на Мобилност Македонија за 2015 година

4. Разгледување и усвојување на Извештаите од комисиите за попис на средствата на Мобилност Македонија;

5. Донесување  Програма за работа на  Мобилност Македонија за 2016 година;

6.Донесување Финансов план за потребните средства за работа  на  Мобилност Македонија за 2016 година;

7. Донесување одлука за состојбата со здружението Мобилност Охрид 1988;

8. Прашања и предлози

Повеќе: Седница на Собрание на Мобилност Македонија

1На 05.02.2016 година претставниците на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ) во кој што членуваат седум национални сојузи на лицата со инвалидност: Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Република Македонија Мобилност, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост Порака, Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија, т.е. Македонскиот олимписки комитет и Националниот сојуз на инвалиди на трудот на Република Македонија, остварија работна средба со Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски.

Повеќе: Работна средба на претставниците на НСИОМ

1На 04.02.2016 година, во Порта Македонија со почеток во 12 часот и во присуство на членови од скоро сите здруженија на Мобилност Македонија, академски сликари, наши членови - талентирани сликари, претставници на организацискиот одбор на ликовната колонија, жири комисијата за литературни творби при Мобилност Македонија, потоа претставни на Центарот за ортотика и протетика „Славеј“, претставници на националниот сојуз РЦПЛИП-Порака, електронски и пишани медиуми...., беше одржана изложба на 53 уметнички дела изработени на шестата меѓународна колонија која беше одржана во месец април 2015 година во Охрид. Водител на манифестацијата беше Ѓорѓи Калајџиев, изложбата со пригоден говор ја отвори претседателот на сојузот, Бранимир Јовановски.

Повеќе: Изложба на дела од 6-та ликовна колонија и 21-ви литературни читања

vladaПРОГРАМА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ КАКО ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ, ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ И АКЦИЗА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ ЗА ЛИЦА СО НАЈМАЛКУ 80% ИНВАЛИДНОСТ НА ДОЛНИТЕ ЕКСТРЕМИТЕТИ, ЛИЦА СО УМЕРЕНА, ТЕШКА И ДЛАБОКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЗА ПОТПОЛНО СЛЕПИ ЛИЦА СО ПРИДРУЖНИК И ЗА ПОТПОЛНО ГЛУВИ ЛИЦА ЗА 2016 ГОДИНА

 PDF Download 

1 7НОВИНИ ОД ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

            Со оглед на тоа дека голем број на наши членови се возачи на моторни возила сметам дека е од општ интерес да ги запознам нашите читатели со новините во овој Закон бидејќи во пракса сите ние горе долу секојдневно се среќаваме а често и се соочуваме или можеме да бидеме соочени со некои санкции поради не придржување кон прописите. Со оглед на тоа што за нас лицата со телесен инвалидитет возилата се такаречи ортопедски помагала, сметам дека е корисно накратко да се запознаеме со овие новини како би множеле да ги зачуваме возачките дозволи и да не се изложуваме на големи давачки за плаќање на казни.

Повеќе: Новини од законот за безбедност