НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

Logo            На 4.12.2015 година во Кичево беше одбележан „4-ти Декември“ – Ден на лицата со телесен инвалидитет на Македонија. Во прекрасна атмосвера и присуство на повеќе од 150 членови на Мобилност Македонија од 16 здружени членки, со изведна на химната на РМ и неколку играорни точки од препознатливиот македонски фолклор започна средбата на која поред членовите, беа присутни и поранешниот пратеник од Кичево, г-дин Илија Китановски, како и повеќе претставници од подрачните единици на институциите на државата.

            После поздравните говори на претседателот на Мобилност Кичево, Бобан Јордановски, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и на поранешниот пратеник во Собранието на РМ, Илија Китановски, претседателот на Мобилност Македонија пред присутните ги афирмираше преземените активности на сојузот кои ја одбележаа 2015 година, ставајќи акцент на барањата до институциите на државата за премостување на архитектонските бариери, пред се во објектите за спроведување на настава во основното, средното и високото образование, како и за подобрување на здравствената заштита, ортопедски помагала и конкурентност на пазарот на трудот за нашите членови.

Повеќе: Одбележан 4-ти Декември

1 4            Амбасадата на Шведска, по повод 3-ти Декември  Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, на тема „Пристапност“ организираше изложба на фотографии  на познти личности-граѓани со инвалидитет од Шведска.

            Изложбата ја отвори амбасадорот на Шведска во Македонија Н.Е. Г-дин Матс Стафансон. Во своето обраќање амбасадорот истакна: Пристапноста оди и понатаму од рампи за инвалидски колички и здравствена нега. Во крајна линија, пристапноста има врска со демократијата, човековите права и ставовите.... Секој треба да  може да учествува во општеството со подеднакви услови.

            Изложбата беше  посетена од многубројни посетители како и од претставници на невладини организации  и националните инвалидски организации.

            Шведската амбасада веќе ја подготвува изложбата за наредната година во која ќе бидат вклучени  и познати личности со инвалидност од Македонија.

Повеќе: Изложба на фотографии „Пристапност“

1По повод 3-ти Декември - Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, делгација на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, во која партиципираа претседателите на здрузените цхленки, медју кои и на Мобилност Македонија беше во работна протоколарна посета со Претседателот на РМ, Ѓорге Иванов, во неговиот кабинет. Беше дискутирано за предизвиците кои стојат пред националните инвалидски организации и можноста на Претседателот да делува во интерес на остварувањето на правата и подобрувањето на положбата на лицата со инвалидност во РМ. Моето излагање беше во контекст на подигаање на јавната свест за можностите на лицата со телесен инвалидитет, потоа апел за целосно почитување на одредбите од донесените закони, пред се на одредбите кои се однесуваат на пристапноста, образованието и вработувањето на лицата со телесен инвалидитет. Секако дека ги афирмирав и постигнувањата на македонските параолимпијци стрелци и потребите за што поуспешен тренажен процес и настап на Параолимписките игри во Рио 2016 година.

Повеќе: Работна средба со Претседателот на РМ, д-р Ѓорге Иванов

1 1            Националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ) на 3.12.2015 година во присуство на голем број на претставници од владините институции, на националните инвалидски организации, како и други организации и здруженија, во ДХО „Даре Џамбаз“ го одбележа „3-ти Декември“ – Меѓународен ден на лицата со инвалидност. Тема на годинешното одбележување на 3-ти Декември во ООН е: „Инклузијата е важна: Пристап и зајакнување на сите способности на секое лице со инвалидност“.

            На одбележувањето присуствуваше и Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски која им се обрати на присутните:

“Пораките на овој ден се различни, бидејќи и политиките во однос на лицата со инвалидност имаат многу лица. Предизвикот на денешниот ден, сепак е дека тој ги обврзува сите кои зборуваат и дискутираат за  проблемите на лицата со инвалидност, да ставаат акцент врз човекот, неговата индивидуалност и лично достоинство, а не врз неговата попреченост. Тоа е европскиот модел на политики кон и за лицата со инвалидност, кој и Република Македонија треба да го следи”, рече министерката Ташевска-Ременски.

Повеќе: Oдбележан „3-ти Декември“

priznanie3Претседателот на „Мобилност Битола“ со највисокото признание од НСИОМ

                Во рамките на манифестациите по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност – 3 декември, претседателот на „Мобилност Битола“, прим. д-р Нико Јанков, со одлука на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ), беше одликуван со највисокото признание – плакета, која се доделува на институции, здруженија и поединци, а секоја година се доделува по една.

            Оваа година, на предлог на делегацијата на НСТИЛМ, Советот на НСИОМ ја донесе оваа одлука во која при образложувањето се искажа дека признанието плакета се доделува за исклучителен придонес, заслуги и лично залагање за подобрување на правата на лицата со инвалидност во Република Македонија.

Повеќе: Највисоко признание за д-р Нико Јанков