Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ – Скопје, оваа година за прв пат го обележа меѓународниот ден на лицата болни од мултиплекс склероза на последната среда од месец мај, кој ден од 2009 година официјално е прифатен во светот како ден на МС.
Настанот се одржа на плоштадот „Македонија“ на 25 мај под мотото „Имаме мултиплекс склероза, но таа не нема нас“. На настанот присуствуваа дел од членовите на Здружението, се делеа флаери со кратки информации за болеста, а присутните беа облечени во портокалови маици на кои беа испечатени пораки „Јас можам се“, „Не сум мрзлив, имам МС“, „Не сум пијан имам МС“. На овој начин лицата кои боледуваат од Мултиплекс склероза се обидоа да ја подигнат свеста на граѓаните за оваа тешка болест односно „да не се осудуваат прерано луѓето кои не одат стабилно, дека можеби не се под дејство на алкохол, туку се борат со ова сериозно заболување“.
Повеќе: Меѓународниот ден на лицата болни од мултиплекс склерозаВо период од 17-24.04.2016 година во Охрид се одржа седмата по ред меѓународна ликовна колонија на која учествуваа 23 уметници од шест држави и тоа: Тома Димовски, Роза Мојсовска, Мирослав Славковиќ, Санда Миева, Петра Јовановски, проф. Зоран Јакимовски, Богоја Мојсоски, Виданка Мојсоска и Томислав Нешковски од Македонија, Варвара Дивишова и Ленка Малиска од Чешка, Жељан Павиќ од Хрватска, Јован Мијиќ, Јована Јоциќ, Марија Алексиќ, Станислава Летиќ, Клара Томиќ-Касаш, Лидија Милутиновиќ и Иван Шарчевиќ од Србија, Борис Штер и Клавдиљ Лебан од Словенија и Севда Патурлијан од Бугарија.
Повеќе: VII ликовна колонија - ОхридПознатиот говорник, мотиватор и хуманист Ник Вујичиќ беше централна фигура на големиот хуманитарен настан кој се одржа во Скопје на 16 април во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде за првпат говореше пред македонската публика. Тој е роден во 1982 година во Бризбејн, Австралија со ретко медицинско пореметување кое е необјасниво за докторите - тетра амелија синдром, а се карактеризира со отсуство на четирите екстремитети. Држел говори во 43 земји и разговарал со повеќе од 4.5 милиони луѓе, а и гледаноста на неговите видеа на интернет се милионски. Меѓу неговата публика се вбројуваат претседатели на држави и бизнисмени, средношколци, луѓе со инвалидитет, родители, деца, затвореници. "Ако не можеш да постигнеш чудо, тогаш биди чудо" и "секој има избор да биде благодарен за она што го има или огорчен за она што го нема" е мотото на светски познатиот мотивациски говорник. Иако роден без четирите екстремитети, со исклучително тежок животен почеток, тој денес е успешен, целосно самостоен и со желба да инспирира други луѓе преку неговите говори на голем број конференции низ светот.
Повеќе: Ник Вујичиќ во СкопјеНа 07.04.2016 година во „Куќата на фудбалот“ на Македонија се одржа тематска работилница во рамките на соработката на Мобилност Македонија и ФФМ на која во ова прилика се приклучи и Македонскиот олимписки комитет. Беа презентирани повеќе теми, од претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски: „ПОЗИТИВНИ ИСКУСТВА И ПРЕДИЗВИЦИ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДИТЕТ“, од проект менаџерот на ФФМ, Ирена Бакревска-Милошевска: „ФУДБАЛ ЗА СИТЕ, ПРИСТАП ЗА СЕКОГО“, беа промовирани: Прирачник за создавање на инклузивни стадиони и позитивно искуство на ден на натпревар за навивачите со инвалидитет, и Службеници кои овозможуваат пристап на лицата со инвалидитет од локалните клубови од првата лига.
„Ве поздравувам од името на Фудбалската федерација на Македонија, наше е задоволството да се дружиме со поранешни големи спортисти, со нашите пријатели од Мобилност и нашите драги колеги од Македонскиот Олимписки Комитет. Оваа соработка отвора нова врата на меѓуинституционална, но и човечка соработка помеѓу нас и заедницата на луѓе со инвалидност во нашата земја. Стануваме свесни за нивните потреби, но и за нашите можности да одговориме на истите“, истакна Илчо Ѓорѓиоски, претседател на ФФМ, за официјалниот сајт на федерацијата.
Повеќе: Тематска работилница и фудбалски натпреварНа 04.04.2016 година во Музејот на македонска борба беше одржана прес конференција за промоција на вториот гранд за самовработување на лицата со инвалидност на која присуствуваа заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, Директорот на СВРМ Влатко Поповски и претседателите на националните сојузи на лица со телесен инвалидитет Бранимир Јовановски, на слепи Жарко Селковски и на глуви Васко Марковски.
Сите заинтересирани лица со инвалидност кои се работоспособни од 04.04.2016 година ќе можат да аплицираат за грант за самовработување преку отворање сопствен бизнис во висина од 270 илјади денари. Дополнително, тие ќе можат да вработат уште најмногу две лица, за кои ќе добијат по 92.000,00 денари. Овие лица може, но не мора, да бидат со инвалидност. Средствата од грантот се наменети за опрема и материјали. За адаптација на работното место на лицето со инвалидност АВРМ ќе им исплати и дополнителни 100 илјади денари, а девет месеци по отворањето на бизнисот, доколку правното лице уплаќало придонеси и плати ќе може да аплицира за неповратни средства во висина од 20 просечни плати, согласно Законот за вработување на инвалиди.
Повеќе: Втор грант за самовработување