НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

logoSlavejНационалниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ), како кровна организација чија членка е и нашиот сојуз Мобилност Македонија, на 08.07.2016 година потпиша Меморандум за соработка со Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ АД Скопје. Меморандумот го потпишаа генералниот директор на „Славеј“ АД Скопје, Горан Чаловски и раководителот на службата на НСИОМ, Драган Дојчиноски.

Како првична соработка, во рамките на содржината на меморандумот, Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ АД Скопје ќе вложи сопствени средства за целосно реновирање на дел од санитарниот јазол кој се наоѓа во приземјето на ДХО „Даре Џамбаз“, пред се наменет за лицата со потежок телесен инвалидитет.

Повеќе: Меморандум за соработка

logojspНа 01.07.2016 година, градоначалникот на Град Скопје и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје, го промовираа новото комбе-возило посебно адаптирано за превоз на лица во инвалидска количка.

Здружението на лица со телесен инвалидитет  на град Скопје – Мобилност Скопје, повеќепати реагираше до администрацијата на Градот Скопје за потребите од зголемување на боројот на адаптирани комби-возила за превоз на лицата во инвалидска количка. Трите адаптирани возила набавени и пуштени во употреба во 2010 година ни од далеку не ги задоволуваат потребите на лицата во инвалидска количка во градот.

Барањето на Мобилоност Скопје е сериозно разгледано и Јавното сообраќајно претпријатие почна редовно го следи превозот и потребите на оваа категорија на граѓани, при што утврди дека маршутите се добро организирани и дека опфаќаат оптимален број на корисници. Исто така утврди  дека бројот на корисници и нивните потреби се зголемуваат и дека е потребно зголемување на бројот на возилата, односно обезбедување нови возила.

Повеќе: Во употреба ново возило за превоз на лица во инвалидска количка

LogoНа 28.06.2016 година во Скопје се одржа седмата седница на Управниот одбор на Мобилност Македонија на која по утврдување на дневниот ред беше разгледан и усвоен Записникот од претходната седница на УО одржана на 16.03.2016 година. Претседателот на сојузот поднесе извештај за реализираните активности помеѓу двете седници на УО, за кои имавте можност поопширно да прочитате во нашето гласило, како што се: одржаната VII-ма Меѓународна ликовна колонија во месец април во Охрид, одржани XXVIII-ми републички спортски игри во Струга и Охрид, одржаната петта Масовна средба во природа во СРЦ „Треска“ во Скопје, за рефундирање на средства за набавка на патнички автомобили согласно Програмата за рефундирање на средствата платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патничк автомобил за лица со најмалку 80% инвалидност на долни екстремитети, активности за реализација на проектот за професионална рехабилитација и лична асистенција и воспоставување на стандарди за професионална рехабилитација и унапредување на услугите за социјална вклученост, за работната средба со претставници на УНДП во врска со вклучување на Мобилност Македонија во студијата за визија  што се е потребно да се направи за да се подобри животот на лицата со инвалидност,  за одржан работен состанок со ФФМ за продолжување на соработката и организирање фудбалски натпревар во Струга за време на одржување на Републичките спортски игри, потоа за учество на хуманитарен настан со познатиот говорник, мотиватор и хуманист Ник Вујичиќ во арената „Борис Трајковски“, учество на наши членови на Меѓународен турнир во пинг-понг во Варна – Бугарија,  за текот на подготовките за учество на наши членови-спортисти на Параолимписките игри во Рио.

Повеќе: VII седница на Управниот одбор на Мобилност Македонија

1Во Струга и Охрид, од 02-05.06.2016 година се одржаа 28-те Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија и коорганизација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија - Македонскиот параолимписки комитет. Игрите финансиски беа подржани од Министерството за труд и социјална политика во рамките на средствата за финансирање кои ги прима сојузот на годишно ниво.

На игрите, поред преку 90 домашни натпреварувачи, учествуваше и петчлена делегација од Босна и Херцеговина (атлетика и стрелаштво) и 4 натпреварувачи од Република Бугарија (пинг понг и стрелаштво).

Натпреварувачите беа сместени во хотел Галеб во Струга, а спортовите од програмата се одвиваа: стрелаштвото на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид, пинг-понгот во спортската сала при ОУ „Маршал Тито“ во Струга и атлетика на спортскиот комплекс „Биљанини извори“ во Охрид.

Повеќе: 28-ми Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија

1На 29.05.2016 година, во Спортско-рекреативниот центар на езерото Треска во Сарај, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, ја организираше петтата масовна средба во природа за лицата со телесен инвалидитет.

На масовната средба во природа присуствуваа повеќе од 380 лица со телесен инвалидитет од 16 здруженија на Мобилност Македонија. Целта на средбата е да се промовираат правата на лицата со телесен инвалидитет за нивна целосна интеграција во општеството.

Присуството на скоро 400 лица со телесен инвалидитет на едно место, праќа силна порака до институциите во државата дека само вака обединети и организирани ќе имаме сила да се избориме за нашата позиција во општеството како еднакви со другите. Освен со масовноста, лицата со телесен инвалидитет покажаа и достоинственост во потсетувањето на обврските на државата кон оваа категорија на граѓани.

Повеќе: Петта масовна средба во природа