НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

1Работен состанок во канцеларијата на Мобилност Македонија на 07.04.2017, на претставници на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА, ПОРАКА и СОЈУЗ НА СЛЕПИ на РМ, со претставници на УНДП: Душан Томшиќ, Марија Трифуновска и Наташа Биљарска, во врска со предлог подготовката на Веб портал со податоци за зачленетите лица со инвалидност во општинските здруженија на нациолните инвалидски организации, со поддршка УНДП преку проектот „Услуги за лица со попреченост“.

Повеќе: Работен состанок со претставници на УНДП

1Работен состанок во канцеларијата на Мобилност Македонија на 07.04.2017, на претставници на ПОРАКА и МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА со проф.Вито Флакер од Словенија, тим лидер за техничка поддршка за процесот на деинституционализација во РМ, при Министерството за труд и социјална политика, проект подржан од ЕУ во РМ.

Повеќе: Работен состанок со проф.Вито Флакер од Словенија

5ТЕМАТСКА РАБОТИЛНИЦА ВО КУМАНОВО НА ТЕМА:

“Предлози за измени и дополненија на Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување и правилниците кои произлегуваат од истите”

Денес, 02.04.2017 година, во ресторан ГРАЦИЈА во организација на Меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет на Куманово, Кратово и Крива Паланка – Мобилност Куманово, а со финансиска поддршка од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија-Мобилност Македонија беше одржана тематска работилница на тема: “Предлози за измени и дополненија на Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување и правилниците кои произлегуваат од истите”, на која учествуваа 60 членови од 11 здружени членки на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА. 

Повеќе: ТЕМАТСКА РАБОТИЛНИЦА ВО КУМАНОВО

1На 27.03.2017 (понеделник) со почеток во 12:00 часот во просториите на ЕУ проектот за професионална рехабилитација и лична асистенција кои се наоѓаат на адреса ул. Златко Шнајдер 6а-4 во Скопје, беше одржан состанок со сервис провајдери за услугата од Куманово, Скопје, Битола и Тетово.

На состанокот беа договорени следните чекори за асистенцијата која како пилот програма се очекува да стартува најдоцна до почетоот на месец мај годинава и ќе трае 2 месеци за селектираните членови од осумте региони на Македонија (вкупно 70 лица со телесен инвалидтет).

Повеќе: СОСТАНОК СО СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ ЗА ПЕРСОНАЛНА АСИСТЕНЦИЈА

4Во организација на Генералниот Директорат за вработување, социјални прашања и инклузија на Европската комсија и Министерството за труд и социјална политика на РМ, на 28 март се одржа работилница за деинституционализација во Република Македонија. Од страна на Мобилност Македонија, на работилницата учествуваше генералниот секретар, Софка Прчева.

Повеќе: РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕИНСТИТУЦИОНАЛИЗАЦИЈА: ПОТТИКНУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ТРАНЗИЦИЈА ОД ИНСТИТУЦИЈАЛНА...