НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

1Во канцеларијата на Мобилност Македонија на 25.08.2017 година беше одржан работен состанок со советникот за здравство во Владата на РМ, д-р. Венко Филипче. На состанокот беа апострофирани насоките сублимирани од нашето членство во однос на измена и дополнување на легислативата од областа на здравствената заштита за лицата со телесен инвалидитет, со посебен акцент на ортопедските помагала, и тоа во насока наЧ враќање на правото на доплата за набавка на ортопедските помагала над референтната цена, склучување на договор со ортопедските куќи за изработка и дистрибуција на цела палета на ортопедски и други помагала, зголемување на референтни цени на ортопедските помагала, воведување на пософистицирани помагала и делови за изработка на ортопедски помагала, рокови на користење и можност на поправка......

Повеќе: РАБОТЕН СОСТАНОК СО СОВЕТНИКОТ ЗА ЗДРАВСТВО НА ПРЕМИЕРОТ, Д-р. ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

1- Владата гради општество на еднакви граѓани, лицата со инвалидност активно се вклучуваат во општествените процеси;

По барање на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на 11.08.2017 година во 16,30 часот се сретна со претставници на сојузот, претседателот Бранимир Јовановски, генералниот секретар Софка Прчева, како и со раководителот на стручната служба на ДХО „Даре Џамбаз“, Драган Дојчиноски.
Претседателот на Мобилност Македонија му го честита изборот на Зоран Заев за Претседател на Владата на РМ, а мотив за денешната средба е интересот на Мобилност Македонија во најавените реформи на Владата на РМ за подобрување на животот на граѓаните на РМ и лицата со телесен инвалидитет, како и лицата со останатите инвалидитети, да не останат по страна и рамноправно да го почувствуваат бенефитит на инклузијата и изедначување на можностите со останатите граѓани на нашата Држава.

Повеќе: МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА ОСТВАРИ РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ

2 1Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија ја користи приликата да се заблагодари на ФФМ за големото разбирање и искрената поддршка на 12 наши членови со нивни асистенти да набават билети за фудбалскиот спектакл на арената Филип II во Скопје, дуелот помеѓу фудбалските гиганти Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во рамките на УЕФА Супер купот за 2017 година. Посебна благодарност сакаме да изразиме до г-ѓа Ирена Бакревска - Милошевска за сиот вложен труд и разбирање при координацијата за обезбедувањето и преземањето на билетите, знаејќи притоа за нејзината презафатеност и обврски во рамките на активностите за организација на меѓународниот настан.

Можноста за достоинствен пристап и престој на арената Филип II во Скопје за лицата, корисници на инвалидски колички, е за посебно истакнување и пофалба, а самата организација на натпреварот беше на највисоко можно ниво. Сите честитки до ФФМ што им овозможи на граѓаните на Република Македонија безбедно и достоинствено да уживаат во спортски настан кој ретко се случува на овие простори.

2На 01.08.2017 година во Министерството за труд и социјална политика се одржа работна средба помеѓу министерот Мила Царовска и претставниците на Работната група за измени и дополнувања на Законот за социјална заштита. На средбата присуствуваа и претставници на повеќе граѓански здруженија и инвалидски организации.

Министерот Царовска го промовираше предлог Законот за измени и дополненија на Законот за социјална заштита, во кој за лицата со телесен инвалидитет се предвидуваат следните измени:

Повеќе: ПРЕДЛОГ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОН ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

1Мобилност Македонија активно учествува во проектот на ОСЦЕ и Државната Изборна Комисија за проверка и проценка на пристапност на избирачките места за лицата со инвалидност во РМ како подготовка за локалните избори 2017 гдина. 

Беа одржани 2 седници на 26.07.2017 година во просториите на ОСЦЕ и на 31.07.2017 година во просториите на ДИК. 
Активно учествувавме во подготвување на Прашалникот за проверка на избирачките места и во составување на 12 тимови за проценка на избирачките места во РМ, во кои ќе партиципираат и по еден член од невладиниот сектор меѓу кои и неколку членови од Мобилност Македонија и тоа: Горан Спасов од Скопје (за општините Центар и Аеродром), Горан Здравков од Велес (за општините Велес, Чашка, Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија), Фани Јаќимовска од Тетово (за општините Тетово, Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце, Теарце), Буран Бала од Дебар (за општините Дебар и Центар Жупа, Струга и Охрид) и Гордана Велкова од Кочани (за општините Кочани, Делчево и М.Каменица).

Повеќе: ПРОЕКТ ЗА ПРОВЕРКА И ПРОЦЕНКА НА ПРИСТАПНОСТ НА ИЗБИРАЧКИ МЕСТА ВО РМ