НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

1На 01.12.2017 година во „Порта Македонија“ со почеток во 19 часот, во присуство на голем број на членови на Мобилност Македонија, уметници - учесници на колониите, поддржувачи на работата на сојузот и други гости, беше отворена изложбата на делата од седмата и осмата меѓународна ликовна колонија, одржани во 2016 и 2017 година. 

Претседателот на сојузот Бранимир Јовановски истакна: „Мобилност Македонија одамна го има препознаено талентот на дел од своето членство кон ликовната уметност и со цел да се унапреди и промовира нивното делување на ова поле, започнавме со организирање на ликовна колонија. Веќе првата беше меѓународна и го оправда своето постоење, така да од година во година се нижеа и стасаа до бројката осум. На колониите учествувале академски уметници и лица со телесен инвалидитет од Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Чешка и Македонија, а имаме најава дека следната гдина ќе им се придружат и уметници од Германија и Босна и Херцеговина. Ова колонија е единствена од овој вид во нашата република, покажа и докажа дека уметничкиот потенцијал не знае за поделби и инвалидност, и нејзиното организирање има за цел да докаже дека креативните потенцијали на лицата со телесен инвалидитет се доминантни и над предрасудите дека техничката изведба е најважна.“

Повеќе: ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД VII И VIII МЕЃУНАРОДНА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА

1„Во изминатиот период покажавме дека само со дискусија и со насочување на финансиските средства кон лицата со попреченост и нивните потреби можеме да направиме итни промени“, истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пред почетокот на меѓународната конференција „Механизми и структури за имплементација и за следење на имплементацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост – искуства од регионот“ во организација на Националното координативно тело за еднакви права на лица со инвалидност во Република Македонија.

Таа посочи дека во Законот за социјална заштита веќе регулирале одредени работи, а во собраниска процедура веќе е Законот за пензиско и инвалидско осигурување каде дозволуваат семејна пензија кај лица со попреченост кои некогаш имале активен работен однос, затоа што досега немаа право на семејната пензија.

Повеќе: Меѓународна конференција „Механизми и структури за имплементација и за следење на имплементацијата...

1На 15.11.2017 година, во хотел „АРКА“ во Скопје, се одржа конференцијата „Очи за еднаквост” посветена на лицата со инвалидност, организирана од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“ поддржан од страна на Британската амбасада во Македонија, на која присуствуваше и Мобилност Македонија. 

Преку конференцијата, јавноста и граѓаните подетално беа информирани за наодите од истражувањата и анализите за потребите за промени на лицата со инвалидност во областите:

1. Социјална заштита
2. Образование
3. Здравствена заштита
4. Вработување 
5. Квалитет на живот
Воведно обраќање на прес-конференцијата имаше Британскиот амабасадор во Македонија, Чарлс Герет и извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска, а потоа следеше обраќањето на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, потоа излагањата на експертите од разните области, како и излагањата на претставниците на министерствата надлежни за областите за кои беа спроведени истражувањата.

Повеќе: Конференција „Очи за еднаквост“

1Денес 10.11.2017 година, во хотел Карпош во Скопје, во оргаизација на Републичкиот центар а поддршка на лицата со интелектуална попреченост-ПОРАКА, а во присуство на претседателот на Европската асоцијација на сервис провајдери за лицата со инвалидност (ЕАСПД), г-дин Џим Кроу, беше одржан Форум за сервис провајдери, на кој активно учество зеде и претседателот на Мобилност Македонија презентирајќи ја потребата од сервис служби за лицата со телесен инвалидитет, особено во услови на новонајавената социјална политика и новиот Закон за социјална заштита кој е во подготовка.

Агенда на настанот:

Повеќе: ФОРУМ ЗА СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ ВО РМ

1На 21-22.10.2017 година во хотелот Цар Самуил во с.Банско-Струмица, се одржа дваесет и третото издание на Републичкиот квиз натпревар на лицата со телесен инвалидитете на Македонија, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија-Мобилност Македонија.

Учествуваа 16 екипи од здруженијата членки на сојузот. Првиот натпреварувачки ден се одржаа четири четвртфинални квизови (секој од нив составен од по шест игри) од кои осум екипи (првопласираните две од секоја група) се здобија со право на уество во полуфиналните борби. Вториот натпреварувачки ден се одржаа двата полуфинални квиза (секој од нив составен од по седум игри) и по исклучително покажано знаење, четири екипи (Кочани, Скопје 1, Скопје 2 и Гевгелија) се пласираа во големото финале. 
По исклучително интересна борба и презентација на знаења од повеќе области, првото место го освои екипата на Мобилност Кочани (минатогодишниот победник) со освоени 86 поени. Второто место и припадна на екипата на Скопје 1 со освоени 79 поени, додека третото место на екипата на Скопје 2 со освоени 47 поени.

Повеќе: 23-ти РЕПУБЛИЧКИ КВИЗ НАТПРЕВАР НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА, и 20-та ТОРТИЈАДА 2017