НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

1Согласно заклучоците од разговорот од минатата недела со директорот на ФЗОМ, г-дин Ден Дончев, денес во просториите на фондот, претставниците на Мобилност Македониа, Бранимир Јовановски и прим.д-р. Нико Јанков имаа работен состанок со Комисијата за ортопедски помагала. На првиот состанок, од низата состаноци кои ќе следат, беше договорено темелно да се пристапи кон анализа на сегашната состојба во однос на ортопедските помагала, конкретизирање на нашите предлози за измени и дополнувања на Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала, компаративни искуства од државите од регионот, особено од референтните држави Словенија, Хрватска, Србија и Бугарија, определување на стандарди и изработка на шифрарник со опис на секое ортопедско помагало...итн.

Повеќе: РАБОТНА СРЕДБА ВО ФЗОМ

1Екипата во атлетика на Мобилност Македонија во состав: Гоце Миновски Ф53, Ристо Фотевски Ф53, Петко Петковски Ф55 и Елена Давидовска Ф56 од 8-10.09.2017 година учествуваа на „48-от натпревар во атлетика (мемориал проф. Бојана Хроватина), меѓународен натпревар во атлетика за спортисти со параплегија и тетраплегија, кој во органозација на Сојузот на параплегија на Словенија се одржа во Словен Гадец.

Нашите спортисти се натпреваруваа во атлетски повеќебој (копје, ѓуле и диск) и освоија медали и тоа: 

Повеќе: СПОРТИСТИ НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА НА 48 ХРОВАТОВ МЕМОРИЈАЛ ВО СЛОВЕНИЈА

1МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА НА ПРОМОЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ВЕРЗИЈА НА „МЕЃУНАРОДНА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ФУНКЦИОНАЛНОСТА“ 

-во рамките на кампањата на УНИЦЕФ „Биди фер, за детство без пречки“-

На 11.09.2017 година, во хотел Мериот во Скопје, во организација на УНИЦЕФ, партнерите и Владата на Република Македонија, во присуство на повеќе од 300 посетители, меѓу кои и Мобилност Македонија, беше промовирана македонската верзија на документот „Меѓународна класификација на функционирање“ - алатка која ќе помогне да се промени начинот на кој гледаме и одговараме на потребите на децата со попреченост. Настанот го означи почетокот на новата фаза од кампањата „Биди фер. За детство без пречки“. 
„Ајде да ги видиме способностите на децата и да го ослободиме потенцијалот на секое дете!“ беше мотото според кое на сцената се појавија и дел од настанот беа пијанистката со оштетен вид, Ема Ананиевска, потоа студентката на Тетовскиот универзитет и лице со Даунов синдром Нина Костеска, како и деветгодишниот Јане Велковски, кој боледува од спинална мускулна атрофија (СМА), член на нашиот сојуз.

Повеќе: МЕЃУНАРОДНА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ФУНКЦИОНАЛНОСТА

1На 05.09.2017 година, по барање на Мобилност Македонија, беше одржан работен состанок со новиот директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Ден Дончев. На состанокот присуствуваше и Д-р. Венко Филипче, советник за здравство на премиерот Зоран Заев. 

Пред директорот и советникот на премиерот, ги изнесовме барањата кои подолг временски период се предмет на разговори и преговори на претставниците на Мобилност Македонија со претставниците на фондот во однос на: враќање на правото за доплата на ортопедското помагало или негова компонента за изработка над референтна цена, зголемување на референтните цени на ортопедските помагала, вклучување на пософистицирани помагала во листата на ортопедски помагала во Правилникот, намалување на роковите за користење на помагалата, склучување на договор помеѓу фондот и ортопедските куќи за цела палета на ортопедски помагала (и индивидуално изработените и сериските помагала) и средствата за инконтиненција, но и зајакнување на критериумите за продолжување на договорите за дистрибуција на помагалата на аптеките (соодветен интимен простор за земање на мерка и проба, тоалет, пристапност на објектот, соодветен стручен кадар и сл...), утврдување на стандардот на ортопедските помагала и воведување на шифрарник за сите ортопедски помагала по ИСО стандарди кои ќе бидат ставени на листата на фондот....и уште многу други предлози и прашања. 

Повеќе: РАБОТНА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА ФЗОМ, ДЕН ДОНЧЕВ

5Екипа на Мобилност Македонија во состав: Бранимир Јовановски, Елена Давитковска, Зоран Јовановски, Александар Јовановски и Гоце Миновски, учествуваше на 25-тите Републички спортски игри на Сојузот на параплегичари и тетраплегичари на Србија (СПИКС), кои од 31.08 - 02.09.2017 година се одржаа во Борско Језеро со учество на 111 натпреварувачи од вкупно 14 екипи и тоа 11 здруженија од Србија и 3 поканети држави: Македонија, Словенија и БиХ.

Нашите натпреварувачи учествуваа во стрелаштво со воздушна пушка и во атлетика (копје, диск и ѓуле) и постигнаа забележителни резултати освојувајќи 8 поединечни медали (3 златни, 3 сребрени и 2 бронзени) и 1 екипен сребрен медал. Од оваа година домаќините на игрите донеле одлука да и натпреварувачите - гости од другите држави да се натпреваруваат во конкуренција и за пласман и медали согласно пропозициите на домаќинот.

Повеќе: Екипа на Мобилност Македонија на Спортски игри на СПИКС во Србија