По покана на претседателот на Здружението на лица заболени од мултиплекс склероза на Северно-Банатски округ, г-ѓа Славица Зориќ, делегација на Мобилност Македоија во состав: Бранимир Јовановски, Совка Прчева, Елица Трпковска и Горан Здравков, од 26-30.06.2017 година присуствуваше на одбележување на 25 годишниот јубилеј на здружението во Нови Кнежевац, во рамките на кое одбележување беа организирани повеќе спортски настани.
Повеќе: МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА на одбележување на 25 годишен јубилеј на ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЛИЦА ЗАБОЛЕНИ ОД...На 22.06.2017 година (четврток), во просториите на МТСП, сала за состаноци, се одржа првиот состанок на работната група за измени и дополнувања на Законот за социјална заштита во делот на унапредување на правата на лицата со инвалидност, како и отстранување на некои административни бариери кај некои од правата.
Нашите заложби за измена и дополнувања на Законот за социјална заштита во делот на бришење на одредбата со која корисниците на додадоците за нега и помош, мобилност, слепило и глувост се врзуваат со месечни примања на корисникот ќе бидат прифатени со измените кои престојат.
Повеќе: РАБОТЕН СОСТАНОК ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКАНа 21.06.2017 година во хотел Мериот во Скопје, во организација на Мисија на ОБСЕ во Скопје, беше одржана Работилница на тема: “Политичко учество на лицата со инвалидност – национални предизвици”.
По поздравните говори и најава на 2,5 годишниот проект од страна на Г-ѓа Тина Кукама-Бах,шеф на Одделението за демократско владеење и родова еднаквост при ОБСЕ Канцеларија за демократски институции и човекови права во СКопје, претставниците на инвалидските организации говореа за предизвиците со кои се соочуваат лицата со инвалидност при вклучување во политичкиот живот, како и при користењето на своето уставно право на глас.
Повеќе: Работилница “Политичко учество на лицата со инвалидност – национални предизвици”На 21 јуни 2017г., во Едукативниот центар на Парламентарниот институт, зграда на Собранието на Република Македонија, по покана од претседатело на Собранието на РМ, г.Талат Џафери, се одржа тркалезна маса на тема: „Собранието и граѓанските организации“ (вклученост, соработка и отворена власт).Тркалезната маса беше организирана со цел да го претстави работењето на Парламентарниот институт пред граѓанските организации и да се разгледаат можностите за идна меѓусебна соработка.
Повеќе: Тркалезна маса – Собранието и граѓанските организацииМакедонскиот параолимписки комитет на 17.06.2017 година во Охрид го одржа Државното првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидност. На првенството учествуваа 25 спортисти од кои 13 со телесен инвалидитет и 12 глуви и наглуви спортисти.
Судија на натреварот беа Фене Костадинов и Драган Дојчиноски.
Според очекувањата параолимпијците ги постигнаа највредните резултати на првенството.
Младиот стрелец Александар Јовановски (потенцијален параолимпиец) постигна свој личен рекорд, а на натпреварот во пиштол настапија и двајца стрелци со оштетување на слухот, Светлан Седмаков и Адријана Гркова, кои ќе учествуваат на Deaflympics (Олимпијадата за глуви) која од 18-30.07.2017 година ќе се одржи во Самсун, Турција.