НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

4На 21.06.2017 година во хотел Мериот во Скопје, во организација на Мисија на ОБСЕ во Скопје, беше одржана Работилница на тема: “Политичко учество на лицата со инвалидност – национални предизвици”.

По поздравните говори и најава на 2,5 годишниот проект од страна на Г-ѓа Тина Кукама-Бах,шеф на Одделението за демократско владеење и родова еднаквост при ОБСЕ Канцеларија за демократски институции и човекови права во СКопје, претставниците на инвалидските организации говореа за предизвиците со кои се соочуваат лицата со инвалидност при вклучување во политичкиот живот, како и при користењето на своето уставно право на глас.


Претседателот на Мобилност Македонија дискутирашре прв истакнувајќи ги физичките бариери на опкружувањето како основен лимитирачки фактор за исполнување на уставното право на гласање за лицата со потежок телесен инвалидитет. Обично изборните места се наоѓаат во училиштата, канцелариите на подрачните единици, месните канцеларии...кои како по правило се на непристапни места пред се за лицата кои за движење користат инвалидска количка. Токму тие скали тројно (повеќекратно) ги хендикепираат лицата со потежок инвалидитет, неможат да се школуваат, неможат да се вработат, неможат да го дадат својот глас....
Од друга страна, политичките партии како да немаат интерес (да не кажам слух) да вклучат во своите тела лица со инвалидност...а тоа политичките партии во соседните држави, во Србија, Хрватска, Словенија, одамна го направија и низ нивните собраниски говорници протече гласот на лицата со инвалидност во заложбите за подобрување на правата и положбата и креирање на општество со еднакви можности за сите. Чинам дека се уште во Република Македонија, како организации кои ги застапуваат и претставуваат лицата со инвалидност, не успеавме да ја подигнеме свеста на обичниот граѓанин за вредностите и можностите на лицата со инвалидност доколку им се овозможат услови и им се даде соодветна поддршка, како се уште да лебди над нас парадигмата дека лицата со инвалидност се болни и неспособни, што ни најмалку не е точно. Ниту се болни, ниту неспособни, едноставно не се искористени нивните капацитети и потенцијални можности во многу свери на општественото живеење. Примери низ историјата има многу, четирикратниот претседател на САД (1933-1945), Франклин Делано Рузвелт (полио) ја извлече САД од големата економска депресија во триесетите години на минатиот век и ја водеше државата во Втората светска војна, познатиот научник Стивен Хокинг (латерална склероза) е водечкиот светски космолог и математичар....и многу други министри, музичари, научници....да не ги набројувам.
На работилницата присуствуваа и претставници од Украина, Ирска, Таџикистан....а г-ѓа Жанета Попоска, од Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги сублимираше дискусиите на секој дискутант и даваше заклучоци. Процесот тргна, а основна цел е овозможување на лицата со инвалидност да го дадат својот глас, да ја креираат политиката во својата држава и да се поттикнат поактивно да се вклучат во политичкиот живот....па нели....„НИШТО ЗА НАС, БЕЗ НАС“