НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

1ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ ЗА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ, Охрид, хотел Метропол, 12-13.06.2017

Ана Карајанова-Димитрушева ја претставуваше Мобилност Македонија на работилницата под наслов „Подобрување на услугите за лицата со инвалидност“, која во организација на УНДП и Шведската агенција за развој и соработка, се одржа на 12 и 13 јуни 2017 година во хотел Метропол во Охрид .
Основна цел на работилницата беше размена на искуства помеѓу учесниците во насока на согледување на можностите лицата со инвалидност да живеат подостоинствен, подобар, самостоен и независен живот.

Повеќе: ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ ЗА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ

129-ти РЕПУБЛИЧКИ СПОРТСКИ ИГРИ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА, 08-11.06.2017, Струга и Охрид

Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија-Мобилност Македонија во соорганизација со Македонскиот параолимписки комитет, од 08-11.06.2017 година ги организираше 29-те Републички спортски игри на лицата со телесен инвалидитет во Струга и Охрид со учество на 80 македонски спортисти и 20 од земјите од регионот.
Во Струга се одиграа натпреварите во пинг понг во 4 категории поединечно и во две категории екипно.
Игрите имаа меѓународен карактер бидејќи учествуваа екипи од: Бугарија (атлетика и пинг понг), предводени од Илија Лалов-претседател на Бугарскиот параолимписки комитет, Србија (атлетика и пинг понг), предводени од Бојан Јаќимовиќ-генерален секретар на Параолимпискиот комитет на Србија, Црна Гора (атлетика и пинг понг), предводени од Дејан Башановиќ и Босна и Херцеговина (атлетика и стрелаштво), предводени од Рефик Ибрагиќ.

Повеќе: 29-ти РЕПУБЛИЧКИ СПОРТСКИ ИГРИ

2Меѓународен пара атлетски митинг

Медали за Дејан Ѓорѓиевски и Ифраим Љута.

На првиот ден настапија нашите спортисти во две дисциплини (освен Зоран кој настапува во втората диск класа F55). Дејан Ѓорѓиевски во микс класа F40, F42 и F46, во конкуренција на пет натпреварувачи го освои третото место и бронзениот медал со резултат од 10,44 метри. Прв во оваа конкуренција беше Матија Слоуп од Хрватска F40 со 9,61 метри но најмногу поени во микс, втор Младен Томиќ од Хрватска со резултат од 12,31 метри.

Повеќе: CR0ATIA OPEN 2017

mtspЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ПО ОДНОС НА ПРОГРАМАТА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ КАКО ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ, ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ И АКЦИЗА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ ЗА ЛИЦА СО НАЈМАЛКУ 80% ИНВАЛИДНОСТ НА ДОЛНИТЕ ЕКСТРЕМИТЕТИ, ЛИЦА СО УМЕРЕНА, ТЕШКА И ДЛАБОКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЗА ПОТПОЛНО СЛЕПИ ЛИЦА СО ПРИДРУЖНИК И ЗА ПОТПОЛНО ГЛУВИ ЛИЦА ЗА 2017 ГОДИНА

Повеќе: ЈАВЕН ПОВИК

4На 23-ти мај, во хотелот Карпош во Скопје се одржа последниот состанок на работната група за професионална рехабилитација и лична асистенција во која партиципира и Мобилност Македонија.

Беа разгледани и дискутирани следниве теми (и нивни презентери):
-Презентација на подобрена база на податоци Лирикус и нови модули Александар Славковиќ, Помлад неклучен експерт за ИКТ
-Презентација на развиени стандардиза Професионална рехабилитација и финално одобрување на истите.
Јелена Вахакуопус, Раководител на проектен тим и Стојан Андонов, Постар не клучен експерт;
-Законска основа за Персонална асистенција.

Повеќе: 10-ти состанок на Работната група за стандарди за професионална рехабилитација