Мобилност Македонија одржа редовна седница на Собранието на 25.02.2017 година во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“.
Беа усвоени Извештајот за работа на Мобилност Македонија за 2016 година, финансискиот извештај за 2016 година, Програмата за работа за 2017 година и Финансискиот план за 2017 година.
Повеќе: Седница на Собранието на Мобилност МакедонијаВе известуваме дека денес, 02.03.2017 година, Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги потпиша договорите за индивидуалните ортопедски помагала со ортопедските куќи (сите од Скопје), кои аплицираа на објавеиот оглас во декември и тоа: „Центар за ортотика и протетика - Славеј“, „Ортопедија Илинден“ и „Ортопро Етер“.
Сите наши членови кои имаат потреба од ортози, протези, корсети...сега можат да појдат до наведените ортопедски куќи со заверен налог да си го остварат своето право без дополнителни трошоци (само со плаќање на партиципација како и до сега).
Повеќе: СООПШТЕНИЕ ДО ЧЛЕНОВИТЕ ВО ВРСКА СО ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛАОпштина Карпош е прва локална самоуправа од територијата на Градот Скопје, на која се реализира проектот ,,МАПАТОН“. Станува збор за вклучување на лица со инвалидност во имплементација на андроид апликација преку приватните мобилни уреди кои тие ги користат и која ќе им овозможи интерактивност во мапирањето на пристапните места.
Повеќе: „МАПАТОН“ ПОМОШ ЗА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТПо повод 8-ми Март - Меѓународниот ден на жената, Здружението Мобилност Скопје, во соработка со Националниот совет за родова рамноправност, Дом за стари лица „Мајка Тереза“ од Злокуќани, Посебното основно училиште „Иднина“ и организацијата „ЗУР Артикрафт, во просториите на Даре Џамбаз организираше изложба и базар на ракотворби. Одбележувањето и поставената изложба беа посетени од голем број на наши членови и медиумски покриено од повеќе електронски медиуми.
Повеќе: Мобилност Скопје го одбележа 8-ми МартМобилност Македонија денес им ги додели инвалидските колички на електромоторен погон на нашите членови: Жарко Петковски од Скопје, Бајрам Аземи од Тетово, Мери Тошевска од Битола и Александар Иванов од Штип.
Количките се набавени од Мобилност Македонија во текот на минатата година од наменски средства добиени од Министерство за труд и социјална политика кои останaa од проектот за инклузивни игралишта за 2015 година (3 колички на електромоторен погон), меѓутоа при одлучување по огласот комисијата утврди потреба од 4 колички,и Мобилност Македонија донесе одлука да се купи уште една и да им се доделат на членовите на кои им е потребна.
Повеќе: МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА ГО ДОДЕЛИ 4-ТЕ КОЛИЧКИ НА ЕЛЕКТРОМОТОРЕН ПОГОН НА ЧЛЕНОВИТЕ