НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

13На 20 фебруари на Здружението на лица со телесен инвалидитет – МОБИЛНОСТ ВЕЛЕС, на свечен начин им беше предадено комбе – возило за превоз на лица во инвалидска количка. 

Комбето е донација од германската компанија „Дрекселмаер“, со посредство на германската амбасада и Општина Велес.
Се работи за патничко возило – комбе на кое е вградена хидроулична рампа за непречен влез и излез од комбето при превоз на лица во инвалидска количка. На овој начин општината им излезе во пресрет на своите граѓани кои се со инвалидитет и имаат потешкотии при комуникација и движење. 

Повеќе: ДОНАЦИЈА – КОМБЕ ВОЗИЛО ЗА ПРЕВОЗ НА ЛИЦА ВО ИНВАЛИДСКА КОЛИЧКА

111На 21 фебруари се одржа ЕСРП Конференција (Консултации и следни чекори) со која се заокружи процесот на подготовка на Програмата за реформи во вработувањето и социјалната политика (Employment and Social Peform Programme – ESRP)

ЕСРП Програмата беше изготвувана во тесна соработка и координација со Европската комисија и истата претставува значајна сеопфатна секторска стратешка рамка, која ги утврдува клучните предизвици, приоритетни политики, реформи и конкретни мерки во областа на пазарот на трудот и вработувањето, човечки капитал и вештини, социјална заштита и социјална инклузија за периодот до 2020 година.

Повеќе: ЕСРП (Employment and Social Peform Programme – ESRP) Конференција

515.02.2017 година, хотел „Континентал“ Скопје, тематска расправа „ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА И ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ ВО Р.МАКЕДОНИЈА“

Тематската расправа ја отвори министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, претседателот на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидитет во РМ, Бранимир Јовановски и претседателот на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, Душан Нешевски.
Раководител на тематската расправа и модератор беше д-р Василка Димовска, секретар на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидитет во РМ,

Повеќе: ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА И ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ ВО Р. МАКЕДОНИЈА

fzo logo MKНовите лимити за здравствено осигурување согласно нето приход остварен во семејството за 2016 година изнесуваат:

-До 120.960,00 денари – здравственото осигурување е на товар државата, односно Министерството за здравство плаќа придонес за здравствено осигурување;

Повеќе: СООПШТЕНИЕ ОД ФЗОМ

1Денес, 18.01.2017 година, во канцеларијата на Мобилност Македонија беше одржан работен состанок со господин Амир Гоичмен од Израел, координатор на проекти при Центарот за соработка и напредок (Center for Cooperation and Advancement). На средбата присуствуваа: генералниот секретар на Мобилност Македонија, Совка Прчева, претседателот на Мобилност Битола, д-р Нико Јанков, кој всушност и ја започна соработката со Центарот за соработка и напредок (Center for Cooperation and Advancement) кон крајот на минатата година во Битола, како и координаторот на проекти при Мобилност Битола, Ивона Јанкова.

Повеќе: РАБОТНА СРЕДБА СО г-дин АМИР ГОИЧМЕН ОД ИЗРАЕЛ