НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

2На 21 јуни 2017г., во Едукативниот центар на Парламентарниот институт, зграда на Собранието на Република Македонија, по покана од претседатело на Собранието на РМ, г.Талат Џафери, се одржа тркалезна маса на тема: „Собранието и граѓанските организации“ (вклученост, соработка и отворена власт).Тркалезната маса беше организирана со цел да го претстави работењето на Парламентарниот институт пред граѓанските организации и да се разгледаат можностите за идна меѓусебна соработка.

 

Мобилност Македонија на настанотот на кој присуствуваа претставници на повеќе од 30 граѓански организации ја претставуваше Софка Прчева, генерален секретар на сојузот. 
На присутните им се обрати г. Талат Џафери – претседател на Собранието на Република Македонија, кој покрај другото истакна дека транспарентност и отчетност се два од осумте основни принципи на доброто владеење.
Темата „Партнерство за отворена власт“ (Национален акциски план и обврските на законодавната власт) ја презентираше г. Златко Атанасов – Раководител на Посебната организациона единица – Парламентарен институт. 
„Буџетска транспарентност и отчетност и улогата на Собранието“ беше темата која ја презентираше г. Петар Трајков – Советник-истражувач и аналитичар по современи економски системи.
Тркалезната маса заврши со дискусија по презентираните теми и организирана обиколка низ зградата на Собранието на Република Македонија.