НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

1 9Во период од 04-0.06.2015 година, во Охрид беа одржани XXVII Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија на кои учествуваа преку 70 спортисти се телесен инвалидитет од 16 здруженија. Свеченото отварање на игрите се одржа на 04.06.2015 година на платото пред хотелот „МИЗО“ во Охрид, каде што беа сместени учесниците. Игрите за отворени ги прогласи претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, а на церемонијата на отварање присуствуваа и генералниот секретар на Мобилност Македонија, Софка Прчева, генералниот секретар на Македонскиот Параолимписки Комитет, Драган Дојчиноски и директорот на Центарот за ортотика и оротетика “Славеј” од Скопје, Горан Чаловски.
Во следните три дена спортистите ги одмеруваа силите во стрелаштво, пинг понг и атлетика. Се одржаа многу натпревари во повеќе категории на спортисти, а  подолу во текстот можете да ги прочитате постигнатите резултати.

Повеќе: XXVII РЕПУБЛИЧКИ СПОРТСКИ ИГРИ

1 4Во рамките на одржувањето на 27-те Републички спортски на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, на 06.06.2015 година, на помошното игралиште на спортскиот центар „Биљанини Извори“ во Охрид се одржа ревијален натпревар во мал фудбал помеѓу ветераните на ФК „Пелистер“ од Битола и екипата на „Мобилност Македонија“.

Занимлив натпревар пред малубројна публика, иако истиот заслужуваше да му се посвети поголемо внимани од срана на учесниците на игрите. По исклучително фер и коректна игра во која резултатот воопшто не беше во прв план, натпреварот заврши нерешено 5:5.

Им благодариме на фудбалерите - ветерани и на претставниците на ФК „Пелистер“ за пружената рака на поддршка, како и на нашите момчиња за залагањето, фер и коректната игра.

Повеќе: Ревијален натпревар во мал фудбал

1 1            Во рамките на европскиот проект  INVESTT на EASPD-Европска асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со инвалидност, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“, во соработка со EASPD и Центарот за обука, едукација и грижа DRAGA од Словенија, на 03.06.2015 година во хотелот „Континентал“ во Скопје организираше еднодневен настан-форум на тема „ Стручно оспособување и вработување на лица со инвалидност“.

            Целта на настанот беше да се овозможи дискусија помеѓу засегнатите страни во областа на стручно оспособување и вработување на лицата со инвалидност, како и да се презентираат европските трендови и македонските искуства, практики и тековни реформски процеси во оваа област.

            Воведно излагање имаше Д-р. Василка Димоска од РЦПЛИП-ПОРАКА, а потоа г-ѓа Тамара Нарат од Институтот за социјална заштита на Република Словенија имаше две презентации на теми: „Презентација на концептот на Универзален дизајн во стручното оспособување и обука“ и „Презентација на проектот INVESTT и истражувањата во рамките на проектот“.

Повеќе: Стручно оспособување и вработување

1 1ФФМ ја поддржа иницијативата на УЕФА „Капитени на промени“ за креирање на еднакви можности за сите во фудбалскиот свет. Како стапивте во контакт со Федерацијата и која ќе биде вашата улога во овој проект?

„Неколку фудбалски ентузијасти – членови на Мобилност Македонија наметнаа идеја во рамките на спортските активности на сојузот да се формира и фудбалски тим кој би играл ревијални натпревари, се со цел да се подигне јавната свест кај граѓаните за можностите на лицата со телесен инвалидитет. Природно беше оваа иницијатива да ја разработиме со Фудбалската федерација на Македонија и така ги инициравме и се остварија првичните контакти со Филип Поповски – генерален секретар на ФФМ и со Ирена Бакревска-Милошевска, носител на проектот „Капитени на промени“ во Фудбалската федерација на Македонија. Таа соработка во меѓувреме се интензивираше и мене ми е необично драго што за прв пат во историјата на ФИФА, дечиња со телесен инвалидитет кои за движење се користат со инвалидска количка ги придружуваа фудбалерите на еден официјален меѓународен натпревар, а тоа беше нтпреварот од квалификациите за учество на Европско првенство во Франција 2016 година, помеѓу репрезентациите на Македонија и Белорусија“.

Повеќе: Интервју на Бранимир Јовановски за ФФМ

11 2Мобилност Македонија и Фудбалската федерација на Македонија ја продолжија соработката во Проектот „Капитени на промени“. Во рамките на проектот на 15.05.2015 беше одигран и првиот ревијален фудбалски натпревар на екипата на Мобилност Македонија против вработените во ФФМ.  Прв ревијален натпревар и прва извојувана победа од 6:4. Браво момци. Тренер на екипата на Мобилност Македонија за овој натпревар беше нашиот прославен фудбалски ас, Кирил Дојцхиноски.

ФФМ ја зајакнува својата определба за поддршка и придонес кон подобро општество со проектот “Капитени на промени”. Проектот „Капитени на промени” е иницијатива на УЕФА за креирање на еднакви можност за сите во фудбалскиот свет, без разлика на полот, религијата, националната припадност или физичките способности. Фудбалската Федерација на Македонија истиот го поддржува и го имплементира во Македонија на повеќе нивоа, почнувајќи со подобрување на инфраструктурата на стадионите, едукација и активности во рамките на федерацијата и на сите клубови. Мисија на ФФМ е да привлече, чува и негува различности за одржување на фудбалската игра и радоста која ја носи овој спорт, на што еднакво право имаат сите.

Повеќе: Проект “Капитени на промени”