Изложба на дела од V Ликовна колонија „Охрид 2014“
На 02.12.2014 година со почеток во 19 часот во изложбениот простор на Порта Македонија, во присуство на голем број на наши членови од повеќе здруженија, како и поканети гости и ликовни уметници, свечено беше отворена Изложба на дела од V Ликовна колонија „Охрид 2014“. Изложбата ја отвори претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, истакнувајќи дека една идеја од пред 5 години со која сојузот им овозможи на нашите талентирани членови да творат заедно со академски уметници, прерасна во традиционална меѓународна манифестација која оваа година го имаше своето петто издание.
Повеќе: ИзложбаНационалниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност македонија, оваа година го објави XX-от по ред Конкурс за избор на најдобра литературна творба на членовите на Мобилност Македонија. На конкурс пристигнаа вкупно 17 поетски творби, од 10 автори од 4 здруженија на Мобилност Македонија сите пријавени под шифри, од кои една е сплет од пет хаику. Тоа се творбите: „Празна страна“ и „Тебе ти се давам“ на Соња Ѓоргиевска; „Шепот на душата“ и „Младост“ на Јасмина Стојановска; „Детска игра“ на Катерина Грозданова; „Сон“ на Борче Грозданов; „Вистински пријател“, „Сродни души“ и „Љубов“ на Севда Ѓурчиноска; и „Желба од сонот“ и „Сега“ на Славица Стојановска, сите од Скопје, „Сеќавања“ на Билјана Димова од Гевгелија; „Мајкини чеда“ на Кире Иваноски и „Охридскиот Омир“ на Ѓорги Здравески од Прилеп; и „Додека пред тебе молчам“, „Казнето утешение“ и хаику на Љубе Лазаревски од Струмица.
Пристигнатите литературни творби ги оцениваше и рангираше жири комисија во состав: ВеснаАцевска поетеса, Ѓорги Калајџиев писател, новинар и водител и Кире Огненовски писател и член на Мобилност Македонија.
Повеќе: Награди за најдобрите литературни творбиНационалната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија - Македонски параолимписки комитет, на 01.12.2014 година, по повод одбележувањето на “3 Декември” - Меѓународен ден на лицата со инвалидност, во ДХО “Даре Џамбаз” организираше турнир во шах помеѓу шаховските репрезентации на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, Националниот сојуз на слепи на Македонија, Националниот сојуз на глуви на Македонија и Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија. На турнирот, иако уредно поканета, не настапи екипата на Националниот сојуз на инвалидите на трудот на Македонија.
Повеќе: Преодниот пехар за Мобилност МакедонијаРаботна средба со директорката на ФЗОМ
М-р Маја Парнарџиева Змејкова
На 27.11.2014 година во просториите на Мобилност Македонија во присуство на претседателот Бранимир Јовановски и генералниот секретар Софка Прчева, по вторпат годинава се одржа работна средба со директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, М-р Маја Парнарџиева Змејкова. Поред директорката, на средбата од страна на фондот присуствуваа и: советникот на директорот, г-дин Бранко Аџигогов, шефицата на кабинетот, Лујза Јакимовска, главниот внатрешен ревизор (и наш член) Љупчо Шемкоски и републичкиот контролор во примарната здравствена заштита Љубинка Анастасова.
Повеќе: Работна средба со директорката на ФЗОМЈавна дебата по текстот на Предлог Законот за вработување на лица со инвалидност
На 13.11.2014 година во Клубот на пратеници во Скопје се одржа првата јавна дебата по текстот на Предлог-Законот за вработување на лица со инвалидност. На дебатата учествуваа претставници од Националните инвалидски организации, професори од Институтот за дефектологија, како и претставници од други невладини организации.
Повеќе: Јавна дебата