НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

0Изложба на дела од V Ликовна колонија „Охрид 2014“

            На 02.12.2014 година со почеток во 19 часот во изложбениот простор на Порта Македонија, во присуство на голем број на наши членови од повеќе здруженија, како и поканети гости и ликовни уметници, свечено беше отворена Изложба на дела од V Ликовна колонија „Охрид 2014“.  Изложбата ја отвори претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, истакнувајќи дека една идеја од пред 5 години со која сојузот им овозможи на нашите талентирани членови да творат заедно со академски уметници, прерасна во традиционална меѓународна манифестација која оваа година го имаше своето петто издание.

            Пабло Пикасо во една прилика кажал: „Кој сака нешто да направи, ќе најде начин. Кој несака ништо да направи, ќе најде оправдување“. Мобилност Македонија најде начин како да им овозможи на членовите да ја искажат својата дарба и талент и искрено се надеваме дека идната година најмалку половината од учесниците ќе бидат лица со инвалидност од земјите од регионот и дека оваа наша манифестација преку топлите бои и колоритетот што авторите го насликуваат на своите дела ќе ја покаже позитивната енергија, достоинството и истрајноста во напорите за целосна инклузија на лицата со инвалидност во општеството.

            Во рамките на програмата, беа одржани дваесеттите литературни читања на лицата со телесен инвалидитет на Макдонија и беа презентирани најдобрите пет литературни дела. Изложбата заврши со разгледување на 35 дела од 15 уменици кои твореа на овогодинешната ликовна колонија и тоа: Роза Мојсовска, Тома Димовски, Проф. Зоран Јакимовски, Ана Лазаревска, Димитар Мајнов, Мила Ивановска, Богоја Мојсовски, Виданка Мојсовска, Горан Иванов, Даниела Русева од Бигарија, како и уметниците од Србија, Емилија Драгаш, Јанко Лацо, Клара Томиќ Касаш и Ивана Меночанин. За присутните беше организиран пригоден коктел, а делата ќе бидат изложени во Порта македонија до крајот на месец декември.