НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

Измени во Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала

7Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија имаконтинуирана, а во последно време мошне интензивна комуникација со Фондот за здравствено осигурување на Македонија поднесувајќи повеќе предлози и барања за остварување на право на ортопедски помагала, намалување на партиципација и рокови на користење на истите, како и за зголемување на референтни цени. За таа цел беа остварени и две средби со директорот Џемали Мехази, а во очекување сме да оствариме средба и со директорката Маја Парнарџиева Змејкова. Во истиот период ФЗОМ интензивно работеше на подзаконските акти за остварување на права за ортопедски помагала согласно барањата кои ги имаа од нашиот сојуз, здруженија на пациенти, здравствени установи и осигуреници. ФЗОМ излезе во пресрет на голем број од овие барања и направи определени измени на Правилникот за индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала. Овие групи на измени придонесуваат до поголеми права на осигурениците кои ги користат ортопедските помагала а воедно значат фискални импликаци спрема ФЗОМ во вредност од околу 15 милиони денари годишно. ФЗОМ на 21,07.2013 година ги објави измените на овие групи на ортопедски помагала меѓу кои и на оние кои се донесени согласно нашите иницијативи и се од корист за нашите членови:

Повеќе: Измени во Правилник

slika4Во конгресната сала на хотелот Холидеј во Загреб, Хрватска, на 11 и 12.11.2013 година се одржа XVIII Хрватски симпозиум на лица со инвалидност со меѓународно присуство (Македонија, Словенија, Финска, БиХ и Република Српска), а под покровителство на Претседателот на Република Хрватска, г-дин Иво Јосиповиќ, Mинистерството за труд и социјална политика на Хрватска и градоначалникот на Градот Загреб, г-дин Милан Бандиќ.

На симпозиумот учествуваше и делегација од Националниот Совет на инвалидските организации на Македонија во состав: Бранимир Јовановски од Мобилност Македонија, Драган Дојчиноски од цивилните инвалиди од војната на РМ и Чедомир Трајковски и Владо Крстовски од Републички центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост - Порака.

Повеќе: XVIII хрватски симпозиум за лица со инвалидност

19-ти Републичкиот квиз натпревар за лица со телесен инвалидитет

slika 1Малата сала на хотелот “Цар Самуил” во с.Банско, Струмица од 08-10.11.2013 година беше претворена во арена во која се одвиваа дводневните борби помеѓу 17 екипи учеснички на 19-от Републички квиз натпревар за лицата со телесен инвалидитет на Македонија, во организација на Националниот сојузот на телесно инвалидизираните лица на Македонија – Мобилност Македонија.

Годинава, Управниот одбор на  Мобилност Македонија одлучи да воведе новини во организирањето, одржувањето и наградувањето на Републичкиот квиз натпревар. Имено, најнапред се донесе одлука да се набави целосно нова апаратура за спроведување на квиз натпреварот. Се поврзавме со фирма од Велес која и досега ни ги одржуваше компјутерите и интернет страницата, и за еден месец согласно нашите барања и инструкции пултовите беа спремни да се стават во функција на натпреварот. Со модерни и елегантни дисплеи и мали правоаголни кутии со по четири тастери на секоја од нив, како и еден главен пулт од кој претседателот на жири комисијата ја координираше работата на пултовите и се грижеше за тајмингот на пријавувањето, опремата се покажа целосно исплатлива и моќна да даде нова димензија во спроведувањето на натпреварот.

Повеќе: Kвиз натпревар 2013

19иМузички средби на лица со телесен инвалидитет на Македонија

slika 1И оваа година низ големата сала на хотелот “Цар Самуил” во с.Банско-Струмица ечеше македонска народна песна, се менуваа вокалните интерпретатори од редот на лицата со телесен инвалидитет еден по еден во желба да се закитат со едно од признанијата кои за најуспешните тројца интерпретатори ги обезбеди организаторот Мобилност Македонија, Манифестацијата 19-ти Музички средби на лицата со телесен инвалидитет на Македонија се одржа на 24.11.2013 година, а поред 15-те домашни изведувачи на македонски народни песни, кои се натпреваруваа за епитетот најдобар интерпретатор, во ревијалниот дел настапија двајца гости од Бугарија, Иван Караиованов со прекарот бугарски Том Џонс и Румен Михајлов, и двајцата членови на фондацијата „Сила за живот“ кои исполнија повеќе нумери од познати странски изведувачи.

Повеќе: Музички средби 2013

16-та традиционална манифестација „Tортијада 2013“

slika 3Во саботата, на 9 ноември во хотелот „Цар Самуил“ во Банско Струмица се одржа 16-та традиционална меѓународна манифестација „Тортијада 2013“ во организација на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Струмица – Мобилност Струмица, а финансиски подржана од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија.

Учесниците ги пријавуваа тортите под шифра на самиот ден на пристигнувањето. Според пропозициите учесниците имаа право да ги донесат тестата за тортите направени, а филувањето и декоративниот дел од тортатата го приготвуваа пред жири комисијата.

Повеќе: Tортијада 2013