НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

Европско првенство во стрелаштво Аликанте 2013

-Две „стативи“ за македонските параолимпијци-стрелци

foto 7Македонската репрезентација во стрелаштво за лица со инвалидност учествуваше на Европското првенство во стрелаштво што се одржа во Шпанија, во Аликанте од 18-26.10.2013 година. Натпреварот беше спровден согласно правилата на ISSF и на IPC-Shooting. После подолго време, поточно од 2007 година, конечно најдобрите евтопски стрелци добија шанса да се натпреваруваат на ваков престижен натпревар. Република македонија на овој натпревар ја претставуваа: Бранимир Јовановски (тренер, селектор и натпреварувач), Оливера Наовска-Бикова, Ванчо Каранфилов и Лидија Крстеска (стрелци) и Драган Дојчиноски (тим лидер и асистент). Финансиската конструкција беше затворена благодаение на средствата од Агенцијата за млади и спорт, Министерството за труд и социјална политика, Општина Гази Баба, Скопје и Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ Скоје. Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет им изразува голема благодарност до нашите финансиери, спонзори и донатори.

Повеќе: Аликанте 2013

slika1На покана на Инвалидските здруженија и сојузи на Унско-Санскиот кантон,четворица претставници на Мобилност Македонија присуствуваа на Седмата Меѓународна конференција за статусот и правата на лицата со инвалидност.Составот на екипата беше Васил Томов,Рашо и Живка Талунџиќ и Горан Војновски.

 Конференцијата се одржа во рамките на Кампањата “Да делуваме заедно” која ја спроведува Коалицијата за стратегија и изедначување на можностите и правата на лица со инвалидност на Унско-Санскиот кантон.

Конференцијата се одржа на 23 и 24 октомври 2013 година во Сански Мост хотел Златна долина а гостите од страна беа сместени во хотел Санус.

Повеќе: Mеѓународна конференција во БиХ

Oбука за користење и поправка на инвалидски колички

slika 14Минатата година Мобилност Македонија преку Црвениот крст на град Скопје, оствари соработка со американската хуманитарна организација „Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни“, кога договори  донација во ортопедски помагала. Оваа организација на барање на Мобилност Македонија обезбеди: 145 собни и теренски инвалидски колички, 58 бастуни, 58 подлактни штаки, 35 подпазувни патерици,  11 одалки, 98 антидекубитални перничиња со гел, 21 антидекубитални перничиња со пена, 50 резервни гуми за инвалидски колилки и 50 резервни гуми за патерици .

Повеќе: Oбука

Средба на претставниците на Националните инвалидски

организации со најуспешните бизнис компании во Македонија

slika2Во организација на Министерството за труд и социјална политика, на 16.10.2013, претседаелот на Мобилност Македонија заедно со претставниците на националните сојузи на слепи, глуви и наглуви и интелектуално попречени лица присуствуваше на работна средба со преку 30 претставници од најуспешните компании од бизнис секторот во Македонија. Средбата се одржа во Конгресната сала во Спортскиот центар “Борис Трајковски” во Скопје.

Повеќе: Средба со бизнис компании

foto 1Меѓународна конференција на тема “Човекови права на лицата со инвалидност на Балканот и во Турција” се одржа во Истанбул од 09-11.10.2013 година. Конференцијата беше организирана од Европската комисија, TAIEX, „People 2 People Programme” и Европскиот форум за инвалиди (ЕДФ), а посебен фокус на конференцијата беше ставен на искуствата од имплементацијата на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност во државите од Западен Балкан и Турција, но и искуствата од земјите членки на Европската Унија.

Во состав на десетчлената делегација на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија беа и тројца претставници на Мобилност Македонија: Бранимир Јовановски, Ефтимчо Атанасовски и Драгана Стоилковиќ.

Повеќе: Mеѓународна конференција во Истанбул, Турција