НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

Втора масовна рекреативна средба на лица со телесен инвалидитет во СРЦ „Треска“ - Скопје

18На 15.06.2013 година на просторот на Спортско-рекреативниот центар „Треска“ во Скопје се одржа втората масовна рекреативна средба на лицата со телесен инвалидитет на Македонија во организација на Мобилност Македонија, на која учествуваа околу 400 лица со телесен инвалидитет и нивни придружници.

Повеќе: Рекреативна средба во СРЦ „Треска“ - Скопје

Одржани 25-ти Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија

15            Од 06-09.06.2013 година на спортските борилишта во Охрид и Струга беа одржани 25-те Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија. На игрите настапија 80 натпреварувачи од Мобилност Македонија. Овие игри имаа и меѓународен карактер, бидејќи во рамките на игрите се одржа двомеч помеѓу пингпонгарските репрезентации на лицата со инвалидност на Македонија и Хрватска. Заради обврските и учество на меѓународни турнири, првиот тим на Хрватска во пинг понг не беше во можност да одговори на нашата покана за учество. На наше задоволство, селекторот на Хрватска во пинг понг, Емил Губица, успеа да обезбеди двајца играчи од вториот тим на Хрватска и заедно со еден тренер и двајца придружници допатуваа во Македонија. Пингпонгардскиот тим на Хрватска го сочинуваа: Емил Губица – селектор и спортист, Ивица Вугринец и Велибор Јозиќ – спортисти, Мирела Шикоронја – тренер и Антон Ѓерек – асистент.

Повеќе: 25-ти Републички спортски игри

Меѓународен натпревар помеѓу пингпонгарските репрезентации на Македонија и Хрватска

11Во рамките на 25-те Републички спортски игри на лицата се телесен инвалидитет на Македонија се одржа двомеч помеѓу пингпонгарските репрезентации на Македонија и Хрватска. Во 2 натпреварувачки дена се одиграа 4 натпревари. Селекторот на македонската репрезентација, Страшко Коцевски, изврши ротација во тимот на неколку натпреварувачи. Всушност, на тест ги стави сите квалитетни натпреварувачи на кои смета во иднона. За жал, нашата репрезентација загуби во сте 4 натпревари од поквалитетниот тим на Хрватска. Во разигрувањето беа постигнати следните резултати:

Повеќе: Меѓународен натпревар: Македонија - Хрватска

14Во просториите на Мобилност Македонија во присуство на повеќе лица со телесен инвалидитет кои управуваат моторни возила беше организирана презентација на рачни команди за управување на моторни возила со автоматски менувач на брзини. Презентер беше иноваторот и идејниот автор, г-дин Јожа Песјак од Словенија, кој истакна дека имаат лиценца за изработка на рачни команди за управување со моторни возила, и дека истите се атестирани, хомологирани и одобрени за употреба во државите на Европската унија. Поред лицата со телесен инвалидитет, на презентациата беше присутен и претставник од Заводот за ортотика и протетика „Славеј“ од Скопје, во функција на идни можни вградувачи на рачни команди за управување на моторни возила со автоматски менувач на брзини.

Повеќе: Презентација на рачни команди за автомобил со автоматски менувач на брзини

11Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет во месец мај оствари контакт со годпоѓа Сара Џимер, директор на секторот за безбедност и односи со јавност при Амбасадата на Велика Британија во Скопје. Целта на посетата на Сара Џимер на просториите на нашата федерација беше желбата да им помогне финансиски на македонските параолимпијци – стрелци со средства кои ќе ги искористат за покривање на трошоци за учество на следните натпревари во тековната година. 

Повеќе: Иницијатива на Британска амбасада во Македонија