Одржана тркалезна маса на здружените членки на Мобилност Македонија
На 25 март 2013 година во хотелот „Цар Самуил“ во Банско-Струмица се одржа тркалезна маса на која учествуваа претставници од сите 17 здруженија на лица со телесен инвалидитет, здружени во Мобилност Македонија. Со истата како медијатор раководеше претседателот Бранимир Јовановски. Тој изнесе повеќе идеи за збогатување на активноста на Мобилност Македонија и здружените членки. Потоа беше отворена дискусија во однос на изнесените идеи и по завршување на дискусијата беа донесени следните Заклучоци:
1.Општинските здруженија да покажат зголемени активности на локално ниво и да организираат најмалку по една тркалезна маса (самостојно или со инвалидските здруженија од територијата на која делуваат) на секои 3-4 месеци на актуелна тема која ќе ја одберат. Во рамките на своите надлежности и средствата со кои располагаат може да организираат и регионални тркалезни маси меѓу здруженијата на Мобилност Македонија. За активноста која ќе ја спроведат се задолжуваат да составуваат месечен извештај и до крајот на месецот во електронска форма го досавуваат до Мобилност Македонија. Извештајот може, а и пожелно е, да биде со слики од активностите во резолуција најмалку 800 х 600 пиксели.
Повеќе: Tркалезна маса на здружените членки на Мобилност МакедонијаОсмомартовска средба
Традиционално и оваа година одржана е средбата за членовите од понежниот пол на Мобилност Скопје по повод Меѓународниот ден на жената - 8-ми Март, на ден 05.03.2012 година во ресторанот „Бисера“ во населбата Аеродром кој е со најадаптирани услови за лицата со телесен инвалидитет. Во пријатна атмосфера и со добра музика на веќе докажаната група До-Ре-Ми се гледаше задоволството на лицата на присутните на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената - 8-ми Март. Оваа година на оваа манифестација присуствуваа околу 80-тина членки на нашето здружение, како и неколку членови на Мобилност Куманово, со што се овозможи и поголема дружба помеѓу членовите на двете здруженија. На средбата оваа година беа присутни и Претседателот на Мобилност Македонија господин Бранимир Јовановски и Генералниот секретар на Мобилност Македонија, госпоѓа Софче Прчева како и Генералниот секретар на Национална Федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија, господин Драган Дојчиноски.
Повеќе: Активности на МОБИЛНОСТ СкопјеВторник и петок се денови кога членовите на МОБИЛНОСТ ги користат клупските простории и спортската сала. Вообичаено пристуни 10-15 членови, некогаш и повеќе, а некогаш помалку, но секогаш неколку. Изборните активности зазедоа голем простор и ние бевме на две закажани трибини. Покрај ова, мора да се спомнат и неколку позначајни настани.
На 06.02.2013 година, со почеток од 9.30 часот во просториите на Хотел „Епинал“ во Битола, делегација на МОБИЛНОСТ Битола составена од Фанче Ѓоргиевска, Димче Христов и Виолета Настевска, зеде учество во работилницата организирана од Центарот за развој на Пелагонискио плански регион и Преда плус, со поддршка на УСАИД. Оваа работилница е дел од проектот чија цел е развивање на јавно-приватен и регионален дијалог и партнерство со поддршка. Иако целта е подигање на капацитетот на мали бизниси, искуствата се драгоцени, а познанствата значајни за поддршка и разбирање на нашата проблематика. Со други зборови, ваквите настани се и тоа како значајни во градењето на имиџот на нашето здружение и запознавање на што поголем број на луѓе, можеби идни големи бизнисмени.
Повеќе: Активности на МОБИЛНОСТ БитолаПоттикнати од се почестите јавувања на нашите засегнати членови, Мобилност Македонија се обрати со молба до ЈП градски паркинг Скопје и до Советот на градот Скопје да ја разгледа нашата иницијатива и да донесе измена на Одлуката со која на обележаните возила на лицата со инвалидност од територијата на Република Македонија ќе им се дозволи користење на обележаните паркинг места за лица со инвалидност под исти услови како и за лицата - жители на градот Скопје.
Советот на градот Скопје има донесено Одлука за јавните паркиралишта од значење за градот Скопје во која членот 29 гласи:
Повеќе: Паркинг места за лица со инвалидност во СкопјеНационалниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија достави барање до Владата на Република Македонија за одобрување на проект за обновителна рехабилитација за 400 лица со телесен инвалидитет годишно и најмногу 50 придружници, кој ќе се реализира преку Министерството за труд и социјална политика и Мобилност Македонија.
Владата на РМ беше запознаена дека Мобилност Македонија, како доброволна, општествено хуманитарна и национална организација на лицата со телесeн инвалидитет на Република Македонија ги претставува и застапува лицата со телесна инвалидност и нивните интереси во комуникација со државните органи во Република Македонија и на меѓународно ниво. Во Мобилност Македонија доброволно се здружени 17 општински и меѓуопштински инвалидски организации со вкупно 7.200 членови кои имаат пречки во мобилноста поради телесна инвалидност предизвикана од: параплегија, дистрофија, ампутација на екстремитет, детска парализа, церебрална парализа, мултиплекс склероза и други невро мускулни или коскени заболувања, со сочувани ментални способности.
Повеќе: Oбновителна рехабилитација за 400 лица годишно