Мобилност Македонија со свои претставници учествуваше на тркалезната маса во организација на Институтот за човекови права на тема „Дискриминација, состојби и предизвици“ одржана во хотел Континентал во Скопје на 13.12.2012 година. Целта на тркалезната маса беше да се истакне потребата од одржување на надзорна расправа во Собранието за имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација со цел формално разгледување на имплементацијата на законот и анализа за негово подобрување.
Повеќе: Тркалезна масаНа 09.02.2013 година во Домот на ХО „Даре Џамбаз” Скопје, со почеток во 12 часот се одржа Седницата на редовното годишно Собрание на Мобилност Македонија.
Со седницата раководеше претседателот на сојузот, а по утврдувањето на дневниот ред, беа избрани записничар и двајца оверувачи на записникот.
По разгледувањето и усвојувањето на Записникот од седница на Собранието на Мобилност Македонија одржана на 28.02.2012 година, се донесоа повеќе одлуки за усвојување на одредни акти на Мобилност Македонија меѓу кои:
Повеќе: Годишна седница на Собранието на Мобилност МакедонијаMобилност Mакедонија – учесник на тематска работилница, семинар, работен состанок и тркалезна маса
Семинар на тема
„Професионалната рехабилитација на лицата со инвалидност и лицата со намалена работна способност“
Во организација на Министерството за труд и социјална политика и Федералното министерство за труд, социјални прашања и заштита на потрошувачите на Австрија, се одржа семинарот на тема „Професионалната рехабилитација на лицата со инвалидност и лицата со намалена работна способност“, на кој учествуваа претставници на Мобилност Македонија и на кој беа презентирани европските и австриските искуства на ова поле.
На семинарот се дискутираше како и со какви мерки можат да се мотивираат работодавачите и работниците со намалена работоспособност преку преквалификација и доквалификација да останат вклучени во работниот процес.
Повеќе: СеминарОдржана тркалезна маса на тема „Политики и практики за вработување на лица со попреченост“
Во организација на УНДП и Министерството за труд и социјална политика, на 06.12.2012 година во „Холидеј Ин“ се одржа тркалезна маса на тема „Политики и практики за вработување на лица со попреченост“, на која учествуваа претставници од Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во Македонија, претставници на министерства, институции, здруженија на граѓани и други заинтересирани организации. Мобилност Македонија на оваа тркалезна маса го претставуваа: претседателот Бранимир Јовановски, генералниот секретар Софка Прчева, Оливера Наковска-Бикова од Битола и Рубин Ристески од Прилеп.
Пред да започне работниот дел на тркалезната маса, присутните ги поздравија: г-дин Алесандро Фракасети, заменик постојан претставник на УНДП во Македонија, г-дин Ибрахим Ибрахими, заменик министер за труд и социјална политика и Бранимир Јовановски, претседател на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во Македонија. Модератори на тркалезната маса беа г-ца Милица Трпковска, вработена во УНДП и г-ѓа Силва Пешиќ, советник за човекови права на постојаниот координатор на ОН во Македонија.
Повеќе: Tркалезна масаОдржани 18-ти Литературни средби во организација на Мобилност Македонија
И годинава, 18-те Литературни средби на лицата со телесен инвалидитет на Македонија се одржаа во рамките на одбележувањето на „4 Декември“ – Ден на лицата со телесен инвалидитет. Домаќин на литературните средби беше Мобилност Кичево, а некаде во средината на Програмата на одбележување на овој значаен ден за лицата со телесен инвалидитет, започна презентацијата на најуспешните творби од нивните автори.
На конкурсот пристигнаа 11 творби од 8 автори и тоа: 5 од Скопје, 2 од Прилеп, и по една од Охрид, Кочани и Гевгелија. И оваа година, селекцијата на творбите ја изврши нашиот повеќегодишен селектор, г-ѓа Весна Ацевска. Таа ги доби творбите за селекција под шифра, воопшто не знаеше за кој автор се работи и за својата селекција и забелешките за квалитет на творбите истакна:
„Разгледувајќи ги пристигнатите 11 песни на конкурсот на Мобилност Македонија, видливо е дека неколку автори/авторки читале и читаат поетски дела и од народната литература и од современата светска и македонска поезија. Читањето овозможува при пишувањето авторот да ја издигне песната од обичен запис на длабоко чувство или размисла и да се пренесе тоа преку фигуративен говор, односно преку говор во кој сликите, ритамот и звукот ги сугерираат емоциите и идеите, а атмосферата помага тие да се примат.
Повеќе: 18-ти Литературни средби