Одбележан „4-ти Декември“ денот на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА
Годинава, одбележувањето на „4-ти Декември“- денот на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, со масовно присуство на членови од сите општински и меѓуопштински здруженија здружени во Мобилност Македонија се одржа на 04.12.2012 година во Кочани.
На одбележувањето присуствуваше градоначалникот на општина Кочани, г-дин Ратко Димитровски, кој во својот поздравен говор ја истакна соработката со Мобилност Кочани и заедничките проекти за подобрување на животот на лицата со телесен инвалидитет на територијата на општина Кочани.
Претседателот на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА, Бранимир Јовановски, му се заблагодари на градоначалникот на Кочани за неговото присуството на одбележувањето на овој значаен ден за лицата со телесен инвалидитет на Македонија, бидејќи токму на овој ден 1986 гофина е формиран сојузот. Потенцирајќи дека во изминатиот период беа покренати бројни иницијативи за подобрување на животот на лицата со телесен инвалидитет во Македонија, претседателот пред повеќе од 200 присутни членови го афирмираше започнувањето на примањата на додатокот за мобилност со сите перипетии и проблеми кои во пракса го отежнаа остварувањето на ова право за лицата со 100% телесен инвалидитет кои за движење се користат исклучиво со инвалидска количка. Во преговорите со институциите на државата, но и во општата комуникација, се уште силно се чувствува недоволно изградената јавна свест за сфаќањето на потребите на лицата со телесен инвалидитет.
Повеќе: Одбележан „4-ти Декември“Изложба на слики од 3-та меѓународна Ликовна колонија Охрид 2012
Во предвечерието на одбележувањето на „3 Декември“ – Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, на 03.12.2012 година со почеток во 20 часот во галерискиот простор на „Порта Македонија“ во Скопје ја организираше изложбата на слики од третата меѓународна ликовна колонија Охрид 2012. Изложбата имаше донаторски карактер, уметничките дела насликани од академски уметници и талентирани лица со телесен инвалидитет беа понудени на продажба по симбилична цена од 200 евра во денарска противвредност. Исклучително важно е да се потенцира дека финансиските средства прибрaни од продадените уметнички дела ќе бидат употребени за натамошно зголемување на обемот и квалитетот на сликарската колонија во смисол, поред академските сликари, да бидат вклучени поголем број на лица со телесен инвалидитет од државите од регионот, како и за постојаните активности за остварување и подобрување на правата на лицата со телесен инвалидитет во Македонија.
На изложбата присуствуваа членови од неколку наши општински и меѓуопштински здруженија, уметници, музичари, претставници на бизнис секторот, како и многу граѓани, почитувачи на активностите на Мобилност Македонија.
Повеќе: Изложба на сликиНационалниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност „3-ти Декември“ го реализираше во соработка со останатите национални инвалидски организации во составот на НСИОМ на централна прослава одржана на 03.12.2012 година во големата сала на ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје. На одбележувањето поред претставниците на националните инвалидски организации здружени во НСИОМ, присуствуваше и министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, кој во своето обраќање до присутните говореше за значењето на денот и за заложбите и активностите кои министерството за труд и социјална политика ги презема за подобрување на положбата на лицата со инвалидност во Република Македонија. На одбележувањето присуствуваа и претставници од: здруженијата членки на националните инвалидски организации, здруженија на граѓани за подршка на лицата со инвалидност, други невладини организации, министерства, научни институции, здравствени институции, образовни институции, социјални установи и институции, како и поголем број на наши членови.
Повеќе: Одбележување на „3-ти Декември“По повод одбележувањето на 65 годишнината на „Макпетрол“А.Д.-Скопје, Управниот одбор на „Макпетрол“А.Д.-Скопје донесе одлука со која се одобруваат средства за активности за одбележување на нивниот јубилеј и средства за донации.
„Макпетрол“А.Д.-Скопје, на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија во Охрид „Св.Еразмо“ донираше болничка постелнина и телевизори.
На Јавната установа детски дом „11 Октомври“ во Скопје, „Макпетрол“А.Д.-Скопје донираше компјутери и комоди за дневниот престој.
Здружението за слепи лица од Скопје доби компјутери и верна картичка за гориво во висина од 40.000 денари.
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, од „Макпетрол“А.Д.-Скопје доби верни картички за гориво во вредност од 90.000 денари.
Повеќе: Донација од МакпетролНа 2-ри Декември во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, а по повод одбележување на „3-ти Декември“ – Меѓународен ден на лицата со инвалидност, во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет се одржа екипно Државно првенство во шах, на кое со свои екипи учествуваа:
-Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија Мобилност Македонија;
-Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија;
-Националниот сојуз на слепи на Mакедонија и
-Националниот сојуз на глуви на Македонија.
Повеќе: Екипно државно првенство во шах