По завршување на Параолимписките игри во Лондон минатата година, македонските стрелци на првиот и единствен меѓнароден натпревар годинава, Светскиот куп во стрелаштво во Анталија од 13-18 мај го крунисаа со освоени 4 минимум норми за учество на Европското пвенство во стрелаштво, што ќе се одржи во Аликанте, Шпанија, во октомври годинава и со три медали.
Повеќе: Две златни медали за Оливера Наковска-БиковаОДРЖАНА I-ТА ТЕМАТСКА РАБОТИЛНИЦА И ОДБЕЛЕЖАН 20-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА МОБИЛНОСТ ДЕБАР
На 11.05.2013 година, согласно одлуката на Управниот одбор на Мобилност Македонија во Дебар се одржа I-та пo ред тематска работилницa во рамките на која пригодно беше одбележан и јубилејот 20 години успешно работење и делување на Мобилност Дебар. Во присуство на членови на скоро сите здруженија на Мобилност Македонија, гости од невладини организации на Дебар, претставници на подрачни едници на одделни министерства, соработници и пријатели, како и претставници од инвалидските организации на Република Албанија, Атли Горенца, претседателот на Мобилност Дебар им се обрати на присутните и им се заблагодари за нивното присуството на одбележувањето на нивниот јубилеј.
Повеќе: 20-ГОДИШEН ЈУБИЛЕЈ НА МОБИЛНОСТ ДЕБАРЧетврта меѓународна ликовна колонија „Охрид 2013“
Во организација на Мобилност Македонија, во апартманите во населбата Охридати во Охрид од 20-27.04.2013 година беше одржана четвртата меѓународна ликовна колонија „Охрид 2013“ на која настапија 14 ликовни уметници од земјата и странство.
Организацискиот одбор на ликовната колонија при Мобилност Македонија за учество на годинашното 4-то издание ги селектира следните уметници: Проф. Димитар Малиданов од Скопје, Проф. Зоран Јакимовски од Куманово, Проф. Ибрахим Беди од Скопје, потоа академските сликари Димитар Мајанов од Скопје, Богоја Мојсоски од Охрид, Спасе Перовски од Велес, Валентина Илиевска од Куманово, Намдагжанчивин Литов од Монголија кој живее во Скопје, Јанко Лацо од Зрењанин-Србија, Клара Касаш-Томиќ од Нови Сад-Србија, како и уметниците со инвалидност Тома Димовски од Скопје, Роза Мојсовска од Банско-Струмица, Војко Гашперут од Седло-Словенија и Метод Закотник од Шкофја Лока-Словенија. Гост на колонијата беше Славица Зориќ од Нови Кнежевац, претседаел на заболени од МС на Севернобанатски округ-Србија.
Повеќе: Четврта меѓународна ликовна колонија „Охрид 2013“Прва меѓународна креативна работилница во Охрид во организација на Мобилност Скопје
Почитувани читатели,во еден од минатите броеви на гласилото Феникс 86 ви ја преставивме нашата креативна работилница. Сега сакаме да ги споделиме новостите со вас.Мобилност Скопје организираше прва меѓународна креативна работилница за накит кој го изработуваа лица со телесен инвалидитет членови на мобилност Скопје.На работилницата беа поканети членови од здружението на лица заболени од мултиплекс склероза од Нови Кнежевац - Србија кој почестија со своето присуство.
Првата меѓународна креативна работилница траеше од 12.04 до 19.04.2013 во Охрид. Упорноста, желбата и истрајноста на нашите членови допринесе да создадеме можност за проширување на работилницата и надвор од Скопје, односно да формираме меѓународна креативна работилница да ги здружиме силите со нашите збратимени членови од Нови Књажевац и да создадеме досега најголема работилница со големи искуства кои резултираа благодарение на вештите раце на нашите членови како едни прекрасни уникатни рачни креации.
Повеќе: Прва меѓународна креативна работилницаОдржана 10-та седница на Управниот одбор на Мобилност Македонија
На 26 март 2013 година во хотелот „Цар Самуил“ во Банско-Струмица се одржа 10-та седница на Управниот одбор на Мобилност Македонија. На истата беа поставени 15 точки на дневниот ред и беа дадени многу информации и донесени повеќе Одлуки и Заклучоци меѓу кои:
1.Беше усвоен записникот од претходната седница на Управниот одбор одржана на 09.02.2013 година и беа дадени информации за преземените активности меѓу двете седници на управниот одбор како то се барањето за обновителна рехабилитација, барањето за толкување на Статутарна одлука на УКиМ, барање до ЈП „Градски паркинг“ за паркирање на возилата на лицата со инвалидност од внатрешноста на РМ, барање на донација компјутери и друга техничка апаратура за здруженијата упатено до Министерство за информатичко општество и администрација, како и други индормации од интерес на членовите и здружените членки.
Повеќе: 10-та седница на Управниот одбор на Мобилност Македонија