Намалување на цената на геодетските елаборати за легализација на бесправно изградени објекти за 50% за корисниците на постојана парична помош и самохрани родители на деца со инвалидност
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, Славе Трпевски информираа за намалување на цената на геодетските елаборати за легализација на бесправо изградени објекти за корисници на постојана парична помош и самохрани родители на деца со инвалидност.
Со оваа мерка на Владата на Република Македонија, се предвидува намалување на цената на чинење на елаборатите за легализација на бесправно изградени објекти со етажен и габаритен премер за 50% и тоа, за објекти до 50м2 и за објекти од 51м2 до 150м2, односно да се намали цената на чинење на елаборатот за легализација на бесправно изградени објекти и делови на објекти до 50м2 од 2000 денари и на 1000 денари, и да се намали цената за легализација на бесправно изградени објекти и делови на објекти од 51м2-150м2 од 41 денар по м2 на 20 денари по м2 односно намалување од 50%.
За искористување на ова право примателите на постојана парична помош и на самохраните родители на деца со инвалидност, треба да ги подигнат потврдите од центрите за социјална работа и да ги достават до Геодетските фирми.
Повеќе: Новости од министерство за труд и социјална работаМобилност Скопје со својата креативна работилница во Нови Књежевац
Здружението на лица со телесен инвалидитет Скопје Мобилност Скопје учестваше на креативната работилница за рачна изработка на накит во Нови Кнежевац Србија, на покана од збратименото Здружение на лица заболени од мултипла склероза на Севернобанатскиот округ со седиште во Нови Кнежевац.
Заедничката соработка во спроведување на креативните работилници за изработка на накит e започната и трае повеќе години. Нивното искуство во изработка на накит го пренесовме кај нас. Тоа искуство пррасна во креативна работилница за изработка на накит и за меѓусебно другарување. Учесниците на работилницата си најдоа свое катче за изразување на своите способности, креативности и фантазии. Преку другарување и работа раководителот на работилницата Славица Стојановска успеа да ги задржи посетителите на работилницата и да го зголеми нивниот број. Така секој четврток се очекува со нетрпении и тоа е еден извонреден состанок на кој има две точки на дневниот ред и тоа работа и другарување.
Повеќе: Kреативна работилница во Нови КњежевацНа 14 и 15.09.2013 година во хотел „Галеб“ во Струга, во организација на Мобилност Македонија беше одржано 25-то државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет на Македонија.
На првенството учествуваа 20 натпреварувачи од кои 10 директно пласирани од минатогодишното првенство. Натпреварот се одржа по Швајцарски систем во 7 кола каде редоследот се одредуваше врз основа на број на освоени поени, а во случај на еднаков број на поени, повисокиот пласман се пресметуваше најнапред врз основа на прогрес, па потоа Бухолц, број на победи и тн.
Повеќе: Државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет за 2013 годинаУбав пример за инклузија на лицата со телесен инвалидитет
Инклузијата на учениците со телесен инвалидите во редовните основни училишта претставуваа дел од светското движење, кое прокламира вклучување на сите лица со инвалидност во сите сегменти на општественото живеење.Основното училиште Ј.Х.Песталоци кое се наоѓа во општина Центар континуирано се залага за лицата со инвалидност и зазема афирмативен став за инклузивносто образование. ОУ Ј.Х.Песталоци во изминатите две години бележи голем исчекор во полето на инклузијата преку секојдневната пракса во Училиштето.
Повеќе: Пример за инклузијаНа Скопскиот саем се одржаа етно денови на жените на Гази Баба организирани од општинта на Гази Баба. Оваа манифестација беше отворена од градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски, а присутните ги поздрави и организаторот на саемот г-ѓа Ленче Јовановска.
Манифестацијата имаше забавно - музички дел во кој со свои настапи се претставија гости од Средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ и гости од Македонско-српско здружение од Краљево кои беа облечени во народни носии.
Етно салата беше украсена во етно стил. Исто така беа украсени и штандовите на кои беа претставени народни носии, уметнички ракотворби, разновидни украси, накити, бардаци, тави и многу други рачно изработени предмети. Освен претставнички од сите општини во Градот Скопје, со свои штандови се претставија жените од Прилеп, Крушево и Врање.
Повеќе: Мобилност Скопје на Скопски Саем