Министерството за труд и социјална политика со конкретни акции ја подржува активноста на Мобилност Македонија за подобрување на положбата на лицата со телесен инвалидитет во РМ. Кон крајот на минатата година ни додели дополнителни средства за спроведување на проект за инклузивни детски игралишта, кои веќе се во фаза на реализација, а во конгресната сала на арената „Борис Трајковски“ организираше средба со најуспешните бизнис компании на која беше промовирана идејата за зголемено вработување на лицата со телесен инвалидитет во отвореното стопанство и во јавната администрација, како и формирање на фонд за набавка на ортопедски и други помагала. Беше упатен и повик до фирмите за донација на инвалидски колички на електромоторен погон за лица кои заради тешки оштетувања на горните екстремитети со сопствена сила на рацете не можат да придвижуваат собна инвалидска количка.
Повеќе: Донација од „НЛБ Нов пензиски фонд“По повод светскиот ден на лицата со инвалидност „3-ти Декември“, Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ а.д. Скопје го прогласува месец декември 2013 година за „МЕСЕЦ БЕЗ ПАРТИЦИПАЦИЈА“ за ортопедските помагала за членовите на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, што значи дека сите членови кои ќе дојдат во Ценаторот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ а.д. Скопје со потврда за потреба на ортопедско помагало заверена во месец декември 2013 година и членска книшка на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, ќе бидат ослободени од плаќање на партиципацијата за ортопедско помагало кое им е препишано со потврдата.
Со ова Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ а.д. Скопје го дава својот скромен придонес во одбележувањето на светскиот ден на лицата со инвалидност „3-ти Декември“ и подршка на лицата со телесен инвалидитет на кои им е потребно ортопедско помагало.
Срушени бариери, отворени врати: за инклузивно општество и развој за сите.
Според зборовите на Претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации, лицата со инвалидност го сочинуваат најголемото и најобесправеното малцинство во светот - речиси 15 проценти од светската популација се соочуваат со некоја форма на инвалидност. Мнозинството на лицата со инвалидност во светот живеат во земјите во развој. Многумина од нив живеат во сиромаштија, се соочуваат со дискриминација, физички, социјални и економски бариери, и им се негираат основните можности за развој.
На 23 септември 2013 година, токму под раководство Претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации се одржа историски состанок, прв на високо ниво на шефови на држави и влади за попреченост и развој. На истиот состанок беше усвоен Финален документ во насока на создавање на целосно инклузивно општество, како дел од пост -2015-та развојна агенда.
Повеќе: Одбележување на 3-ти ДекемвриМобилност Македонија ќе спроведе Проект
- Изградба на инклузивни детски игралишта -
Мобилност Македонија од страна на Министерството за труд и социјална политика беше избрана како национална инвалидска организација која ќе спроведе проект „Инклузивни детски игралишта“. Ова ни претставува особена чест и задоволство, но и голема обврска во процесот на изградба на игралиштето. На 30.10.2013 година во канцеларијата на Мобилност Македонија се одржа работна средба со претставниците од Министерството за труд и социјална политика на која од наша страна беа присутни претседателот и генералниот секретар на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и Софка Прчева, како и претставниците од Министерството за труд и социјална политика: Жаклина Величковска – раководител на сектор за односи со јавноста, Душан Томшиќ од одделението за социјално вклучување и Марјан Гијовски – портпарол на министерството.
Повеќе: Изградба на инклузивни детски игралиштаУспешно реализиран проект, одобрен од Собрание на град Скопје
Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје Мобилност Скопје, по објавениот јавен повик за проекти во областа на спортот од јавен интерес за Град Скопје за 2013 година, изработи и поднесе девет проекти од кои што беа одобрени три проекти и тоа за: Турнир во Шах по повод 13 Ноември, Меѓуопштински натпревар во пинг понг за лица со телесен инвалидитет и Натпревар воАтлетика за лица со телесен инвалидитет.
Проектот натпревар по Атлетика за лица со телесен инвалидитет беше одобрен и финансиски потпомогнат од Градоначалникот на град Скопје г-дин Коце Трајановски и Советот на град Скопје.
Повеќе: Успешно реализиран проект на Мобилност Скопје