НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

Logo            Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија на 10.03.2015 година ја одржа првата седница на Управниот одбор на сојузот за мандатниот период 2015-2019 година.

            На седницата беа поставени бројни точки на дневниот ред. Најнапред беше разгледан и усвоен Записникот од седницата на УО одржана на 24.01.2015 година, потоа од страна на претседателот беше дадена исцрпна информација за реализирани активности помеѓу двете седници на Управниот одбор и беа избрани работните тела и комисиите на Мобилност Македонија за новиот мандатен период и тоа:

            - Дисциплинска комисија: Марина Ташкова, Нермине Изаири и Васил Томов;

            -Комисија за здравство и опоравок: д-р.Нико Јанков, д-р.Славчо Илиев, Рашо Талунџиќ, Нада Таневска и Горан Здравков.

            -Комисија за образование и култура: Томче Најдовски, Стеван Ангелевски, Мери Туџарова, Кире Огненовски и Никола Марачков;

-Статутарно правна комисија: Елица Трпковска, Персида Пренџова и Митко Фидановски;

            -Комисија за спорт: Васко Стефановски, Дејан Ѓоргиевски, Лидија Успрцова, Дејан Атанасовски и Томи Јаневски;

Во натамошниот тек на седницата беше донесена Одлука за определување на работни задачи на вработените лица во здружениете членки на Мобилност Македонија, кои се избрани во органите насојузот, беше избран Издавачкиот совет и Уредувачкиот одбор на гласилото „МОБИЛНОСТ“, беа донесени одлуки за: распределба на апартманите за закрепнување и рехабилитација во Охрид и утврдување на висината на надоместокот за храна и превоз во 2015 година за корисниците на апартманите; обезбедување  на закрепнување и рехабилитација за членовите од Мобилност Охрид и Мобилност Струга во 2015 година и надомест за превоз; доопремување на апартманите за одмор и опоравок и набавка на потребен ситен инвентар, поправки и чистење на  апартамни; продолжување на Договорот за работа со лицето кое ги извршува работите на позиција – домаќин и хаус мајстор  во апартманите во Охрид во 2015 година; исплата на надомест за патни и дневни трошоци на ангажирани лица во Мобилност Македонија; спроведување на финансова контрола на работењето во општинските организации на Мобилност Македонија и тоа во Прилеп, Охрид, Велес, Кавадарци и Битола; исплата на надомест за патни трошоци на лицата кои како волонтери обавуваат административни работи во здруженијата во 2015 година; исплата на средства на здруженијата за медицински помагала на членовите; печатење на пристапници за редовни, вонредни и почесни членови.

Потоа беа донесени одлуки за одржување на следните традиционални манифестации и активности на Мобилнст Македонија: организирање на VI-та Меѓународна ликовна колонија од 22-28.04.2015 година во Охрид и набавка на сликарски материјал и други потребни трошоци; оргнизирање на 27-ти Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија и закупување на пансиони за период 04-07.06.2015 година во омплекс хотели „МИЗО“ воОхрид; организирање на 21-ви Републички квиз натпревар за лица со телесен инвалидитет од 24-25.10.2015 година во Струмица; одржување на 21-ви музички фестивал (втор на отворена сцена) во рамките на Опен Фест Струмица 6-16.08.2015 година; одржување на 21-ти литературни средби на лицата со телесен инвалидитет во рамките на Изложбата на ликовни дела од шестата колонија на 02.12.2015 година; одржување на 18-та „Тортијада“ за членови, лица со телеен инвалидитет; организирање на „Масовна средба во природа“ за лицата со телесен инвалидитет на 13 или 20 јуни 2015 година; распишување на оглас за град домаќин за одбележување на „4-ти Декември“ - Ден на лицата со телесен инвалидитет на Македонија; одржување на 27-мо Државно шаховско првенство на лица со телесен инвалидитет  во септември 2015 година; распишување на оглас за организација на три „Тематски работилници“ на актуелни теми за лицата со телесен инвалидитет.