НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

1Мобилност Македонија учествуваше на VIII Меѓународна конференција за статусот и правата на лицата со инвалидност во организација на Коалицијата за стратегија и изедначување на можностите и правата на лицата со инвалидност на Унско-Санскиот Кантон која се одржа од 21-23.10.2014 во Сански Мост, Босна и Херцеговина. Нашиот сојуз доби посебна покана од организаторот со барање да се вклучиме во работниот дел на конференцијата со презентација. Делегацијата на Мобилност Македонија ја сочинуваа: претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, генералниот секретар, Софка Прчева, и претседателот на Мобилност Скопје и член на УО на Мобилност Македонија, Дејан Ѓорѓиевски.

Првиот работен ден, Бранимир Јовановски пред повеќе од 150 присутни лица со инвалидност од сите кантони во Босна и Херцеговина, како и на претставници од соседните држави Хрватска, Црна Гора и Србија, излагаше на тема: “Пристапност, независно живеење и вклученост во општеството на лицата со инвалидност - Искуства во Република Македонија.“ Излагањето беше пропратено со големо внимание и во истото беа презентирани искуствата кои Мобилност Македонија ги има во комуникацијата со институциите на државата, како и бројни законски решенија кои се однесуваат на лицата со инвалидност.

Ова беше уште една добра прилика да се разменат контакти и искуства со лица и организации кои активно се вклучени во активностите за подобрување на положбата на лицата со инвалидност во регионот.