КОВИД – 19 предизвика и се уште предизвикува незамисливи последици врз здравјето на луѓето и економиите во општествата. Целиот свет се мобилизира во борбата за скротување на пандемијата. Многу емисии беа посветени на оваа модерна чума на денешницата, многу еминентни личности, лекари, научници, фармацевти и експерти говореа на оваа тема, но се чини дека анализата на ризиците со кои се соочуваат лицата со инвалидност во услови на КОВИД-19 и овојпат беше некако запоставена, иако според СЗО 10-15% од светското население или околу една милијарда жители во светот, се соочуваат со некаков вид на инвалидитет. Малку се говореше за нивните ризици по здравјето, за одлуката дали да се вакцинацинираат и дали кај нив вакцинирањето може да предизвика зголемени негативни појави отколку кај останатата популација.
Се чини дека она што засега недостасува е информацијата за ретки, евентуално многу тешки несакани ефекти, бидејќи тие се видливи само откако ќе се вакцинираат голем број луѓе и по долг период на набудување. Во таков случај можеби е оправдано што се соочувааме со дилемата: дали треба да се вакцинираме или ризикот од новите вакцини е преголем? Зарем можеби не е подобро да се смета на можноста од инфекција, отколку да се изложуваме на ризиците од новите вакцини?
Мобилност Македонија, како Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија, кровна организација која обединува преку 8.000 лица со најразличен вид на телесен инвалидитет, денес на оваа тема разговараше со Проф. д-р Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија, специјалист интернист, доктор на медицински науки.
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидите на Македонија - Мобилност Македонија доби бројни прашања од членовите во врска со дилемите дали да се вакцинираат против Ковид-19 или не, а согласно нивната здравствена состојба, дијагнозата на заболувањето и терапијата која ја користат. Во обид попрецизно да им одговориме, одлучивме да консултираме стручни лица од областа на медицината. Му се заблагодаруваме на Доц. д-р. Иван Барбов, директор на Клиника за неврологија при Клинички Центар „Мајка Тереза“ - Скопје за одвоеното време и корисните информации кои ги сподели со нас и нашите членови.
На 26.03.2021 година, претседателот и генералниот секретар на Мобилност Македонија одржаа работна средба со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Ова беше прва работна средна на која по запознавањето со активностите кои ги презема Мобилност Македонија за подобрување на правата и положбата на лицата со телесен инвалидитет во Република Северна Македонија, дискутиравме и за конкретни чекори на натамошна соработка.
25 март од многу држави е прогласен за Ден за подигање на свеста за церебрална парализа. Мотото е: Насликајте го светот со зелена боја, едуцирајте се и застапувајте се!
На 25.02.2021 година, во просториите на Владата на РСМ, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, и генералниот секретар Софка Прчева, одржаа работна средба со претседавачот на НКТ за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност, Спасе Додевски, и Лидија Крстевска Дојчиновска, државен советник за следење на Програмата на Владата на РСМ.