НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

01На 26.03.2021 година, претседателот и генералниот секретар на Мобилност Македонија одржаа работна средба со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Ова беше прва работна средна на која по запознавањето со активностите кои ги презема Мобилност Македонија за подобрување на правата и положбата на лицата со телесен инвалидитет во Република Северна Македонија, дискутиравме и за конкретни чекори на натамошна соработка.
Повеќе: РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРКАТА ЈАГОДА ШАХПАСКА
0125 март од многу држави е прогласен за Ден за подигање на свеста за церебрална парализа. Мотото е: Насликајте го светот со зелена боја, едуцирајте се и застапувајте се!
Церебрална парализа (ЦП) претставува непожелен глобален феномен, а овој ден нè потсетува на над 17 милиони луѓе во светот кои се погодени од ова состојба. Церебралната парализа е една од најчестите физички попречености што ги погодува најранливите меѓу нас - децата. Дополнително, ЦП останува присутна низ текот на целиот животен век на детето без ефикасен лек за целосен опоравок, но со можност со примена на одредени медицински третмани, физикални вежби, ортопедски помагала и оперативни зафати, истата значително да се подобри.
Повеќе: 25 МАРТ - ДЕН ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ЦЕРЕБРАЛНАТА ПАРАЛИЗА
nkt01На 25.02.2021 година, во просториите на Владата на РСМ, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, и генералниот секретар Софка Прчева, одржаа работна средба со претседавачот на НКТ за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност, Спасе Додевски, и Лидија Крстевска Дојчиновска, државен советник за следење на Програмата на Владата на РСМ.
На средбата ги презентиравме активностите кои ни се во тек, пред се во однос на новиот Закон за градење, со кој треба да се предвидат соодветни стандарди за пристапност на објектите и урбаната средина за лицата со инвалидност, и генерално пристапноста да се дефинира како стандард на градба, текст во чија изработка, како заинтересиран сојуз, во повеќе фази дававме конструктивни предлози и сугестии минатата година за подобрување на текстот во одност на прашањето за пристапноста, како и за казнените одредби во случај на непочитување на мерките, при што добивме ветување дека во најскор временски рок ќе ја добиеме најновата верзија на текстот на Законот.
Повеќе: РАБОТНА СРЕДБА НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА СО СОВЕТНИЦИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РСМ
03На 25.02.2021 година во просториите на Владата на РСМ, под претседателство на Спасе Додевски, се одржа конститутивната седница на новиот состав на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност. Во ова тело членуваат по 2 претставници од министерствата (1 член и 1 заменик член), како и претставници од две невладини организации, Националниот совет на инвалидските организации на Македонија - НСИОМ (Владо Крстовски-член и Бранимир Јовановски-заменик член) и 2 претставници од Ресурсниот центар.
На седницата, по кусото запознавање на претставниците, беше усвоен записникот од претходната седница на телото одржана на 30,12.2020 година, од страна на претседавачот беше дадена информација за реализираните активности до одржување на конститутивната седница и беше отворена дискусија по однос на идни планирани процеси како и изготвување на Акциски план за 2021 година.

Информација за членовите на Мобилност Македонија и родителите на деца со телесен инвалидитет за навремено информирање за постапката за побарување на образовни/лични асистенти во наставата за учебната 2021/2022 година.

Учениците од 2-ро до 9-то одделение „барањето“ (кое исто така е во прилог) со потребната документација (мислење од Комисија која прави проценка по МКФ) треба да ги достават до училиштето каде што учат до март 2021 година. Учениците кои се запишуваат во 1-во одделение барањата ги доставуваат до почетокот на јуни 2021 година.

Доколку Ви се потребни дополнителни појаснувања и информации, обратете се на контакт телефоните од Комисииите што работат по МКФ: 02 6091752 и 074 202 838.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Линк до Правилникот: PDF Download