НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

Во Куманово започна проект за прилагодување на тротоарите за движење на лицата со инвалидност. Проектот е со целосна поддршка од градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Иницијативата ја покрена здружението на лица со телесен инвалидитет - Мобилност Куманово, кое укажува дека овозможувањето на непреченото и самостојно движење е основа за социјална инклузија на лицата со телесен инвалидитет и дел од мерките на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со инвалидност.

 

101Денес, 07.05.2021 година, во организација на Македонски институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ), преку платформата Зум, беше одржана „Работилница за инклузивно новинарствои генерирање теми за видео стории поврзани со застапување на правата на лицата со попреченост“.
Мобилност Македонија на работилницата ја претставуваа Бранимир Јовановски, Христина Просковска и Горан Спасов.
Повеќе...
101На 05.05.2021 година се одржа седница на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност на која на дневниот ред неа ставени следните точки:
1. Разгледување и усвојување на записникот од претходната седница одржана на 07.04.2021 година;
2. Дискусија по однос на изработката за Акцискиот план за 2021 година;
3. Информација за реализирани активности на Националното координативно тело до седницата;
4. Разно.
Се седницата раководеше Спасе Додевски, претседавач со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата на Република Северна Македонија
Под точка 3, поставив прашања и дискутирав во однос на работи од интерес на нашето членство и тоа за:
Повеќе...

001

На 23.04.2021 (петок), со почеток во 11.00 часот на платформата Microsoft Teams, во организација на Народниот правобранител и Канцеларија на Постојаната претставничка на ОН во Република Северна Македонија, се одржа настан за промоција и консултации за Националната рамка за следење на примената на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост.
На настанот поред организаторите, присуствуваа и претставници од повеќе граѓански организации, меѓу кои и претседателот на Мобилност Македонија.
Модератор на настанот беше д-р Весна Костиќ-Ивановиќ, државен советник за следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лица со попреченост при Народниот правобранител, а воведни обраќања имаа:
- м-р Васка Бајрамовска-Мустафа, заменик Народен правобранител на Република Северна Македонија и
- Тања Темелкоска, советник за човекови права, Канцеларија на Постојаната претставничка на ОН во Република Северна Македонија.
Повеќе...

branimir jovanovski 1024x576„Лицата со потежок телесен инвалидитет, особено лицата кои се движат искучиво со инвалидска количка, приморани се да користат сопствен автомобил или такси превоз за да одат секојдневно на работа, на лекар, во продавница, на пазар, на разни културно-спортски манифестации, да учествуваат во активностите на своите здруженија, да одат на посета кај роднини и пријатели, на прошетка… Едноставно, секаде каде имаат потреба од движење, затоа што немаат друга алтернатива. Тие не можат да возат велосипед, не можат да користат јавен превоз, бидејќи тој, или не е организиран во нивните локални самоуправи, или не е адаптиран за транспорт на патници со инвалидска количка, а не можат ниту да одат пеш. Заради тоа нивните животни трошоци се значително повисоки во однос на лицата кои не се соочуваат со некој вид инвалидитет, или како што јас сакам да споредам, нашиот леб е за пет денари поскап од лебот на останатите“, вели Бранимир Јовановски, претседател на Националниот сојуз на лица со инвалидитет, „Мобилност – Македонија“.

Законот за социјална заштита донесен во 2019 година, пропишува дека на лицата кои со телесна или интелектуална попреченост се стекнале по својата 65. година, не им следува финансиска помош од државата. Како се одразува тоа на животот на овие луѓе, и што е поголем проблем за нив: непримањето на тие 6.000 денари месечно или чувството дека се напуштени од институциите?

Повеќе...