НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

ajde da pishuvame

Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, како национална инвалидска организација на лицата со телесен инвалидитет во Република Северна Македонија, и кровна организација на здружени членки со преку 8.200 членови, поред активностите за подобрување на правата и положбата на овие лица, во својата програма за работа презема и соодветни активности за социјална инклузија на лицата со телесен инвалидитет преку развивање на нивните креативни, уметнички и интелектуални потенцијали.
Една од тие мерки е и одржување на манифестацијата Литературните средби на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, која ја одржуваме долг низ на години и секоја година финишира со Литературни читања на најдобрите три творби, селектирани од стручната жири комисија, токму во предвечерието на одбележувањето на 3. Декември - Меѓународниот ден на лицата со инвалидност. Низ годините од нашето постоење и делување, се нанижаа 25 изданија на Литературните средби на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.
Во овој Зборник на литературни творби наречен „Ајде да пишуваме“, ги објавуваме најуспешните три творби од секое издание на Литературните средби на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, во период од 2010-2019 година, со што им се заблагодаруваме на авторите за нивната креативност, оддавајќи им должна почит. Ова е наш обид, преку публиковање на творбите, истите да го видат светлото на денот и да се најдат во рацете на вљубениците на убавиот пишан збор, воедно штитејќи ги од заборав.
Како сојуз, посакуваме Калиопа, заштитничката на епската поезија и ораторството, со својата восочна плочка, моливот и свиток од хартија и понатаму ги буди страстите, да ги инспирира и да им даде сила на нашите членови – поети, да истрајат во обидите да ги преточат своите емоции преку нивните поетски креации, кои понатаму несебично ќе ги понудат на уживање на широкиот поетски аудиториум.
Мобилност Македонија ќе продолжи да ги поддржува и развива креативните потенцијали на своите членови преку организирање и одржување на Литературни средби, Литературните читања, а ќе се погрижи периодично, најуспешните од нив, да ги објави во соодветен Зборник.
Линк за преземање на Зборникот::

PDF Download

avtomobilНа 18.01.2021 Министерството за труд и социјална политика согласно Програмата за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со тешка и најтешка телесна попреченост, лица со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица за 2021 година (Службен весник на Република Севрна Македонија бр.8/21) објави јавен повик за поднесување на барање за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил.
Јавниот повик гласи:
Повеќе: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ КАКО ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ, ДАНОК...
Во рамките на овој проект „Исто исти“, преку лични примери учиме да го совладаме секој предизвик, исто како и сите останати.
Благодарност до Александар Јовановски и Бети Сенева.
 
01На 18.01.2021 година на платформата Зум, се одржа работилница на тема „Против стереотипи и дискриминација со инклузивно медиумско известување“ во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).
Марина Тунева, извршна директорка на СЕММ даде вовед во работилницата, а потоа Весна Никодинoска, раководителка на програми, Македонски институт за медиуми , ја презентираше темата „Медиумите и известувањето за етничките групи - какви се најчестите слики?“, по што следеа препораки за медиумите и дискусија.
Втората тема, „Медиумите и лицата со попреченост – каде е гласот на овие лица?“, ја презентираше Владо Крстовски, програмски менаџер, „Порака“, и токму на ова тема зедовме активно учество во дискусијата особено во сегментот на шареноликата терминологија за лицата со инвалидност во медиумите, а особено во законската легислатива во државата каде истите се соочуваат и со одредена неприменливост на законите,односно проблеми во идентификација при остварување на одредени права. По завршената дискусија беа утврдени соодветни препораки до медиумите.
Повеќе: Работилница „Против стереотипи и дискриминација со инклузивно медиумско известување“
poetiМобилност Македонија во 2020 година објави конкурс за најдобра литературна творба за 2020 гподина. На објавениот кункурс за најдобра литературна творба беа пријавени 11 автори, секој со по една творба, кои ги оценуваше постојаната жири комисија при Мобилност Македонија во состав: -
Весна Ацевска - поетеса и преведувач,
-Ѓорѓи Калајџиев - поет, новинар и водител, и
-Кире Огненовски - поет и член на Мобилност Македонија.
Редоследот на творбите беше определен во согласност со пропозициите на Мобилност Македонија според кои, во случај на еднаков број на поени, подобро пласирана е творбата која добила поголем број на поени од некој член на жири комисијата.
Во годинешниот избор, по сумирање на гласовите од жири комисијата, две творби добија еднаков број на поени, меѓутоа творбата „Немир“ од авторот Соња Ѓорѓиевска, од еден од членовите на жири комисијата доби максимални 11 поени и согласно пропозициите го зазеде првото место.
За жал, заради зголемениот број на дневна трансмисија на корона вирусот во месеците ноември и декември, традиционалните Литературни читања на 02 Декември, оваа година одлучивме да не се одржат заради намалување на ризикот од инфекција од КОВИД-19 кај нашите членови. Плакетите на првопласираните 3 автори ќе им бидат доставени по пошта на домашна адреса.
Мобилност Македонија им упатува искрени честитки на сите автори кои со свои творби учествуваа на 26. Литературни средби на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.
Конечен редослед:
Повеќе: XXVI-ти ЛИТЕРАТУРНИ СРЕДБИ НА ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА