На 25.02.2021 година во просториите на Владата на РСМ, под претседателство на Спасе Додевски, се одржа конститутивната седница на новиот состав на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност. Во ова тело членуваат по 2 претставници од министерствата (1 член и 1 заменик член), како и претставници од две невладини организации, Националниот совет на инвалидските организации на Македонија - НСИОМ (Владо Крстовски-член и Бранимир Јовановски-заменик член) и 2 претставници од Ресурсниот центар.Информација за членовите на Мобилност Македонија и родителите на деца со телесен инвалидитет за навремено информирање за постапката за побарување на образовни/лични асистенти во наставата за учебната 2021/2022 година.
Учениците од 2-ро до 9-то одделение „барањето“ (кое исто така е во прилог) со потребната документација (мислење од Комисија која прави проценка по МКФ) треба да ги достават до училиштето каде што учат до март 2021 година. Учениците кои се запишуваат во 1-во одделение барањата ги доставуваат до почетокот на јуни 2021 година.
Доколку Ви се потребни дополнителни појаснувања и информации, обратете се на контакт телефоните од Комисииите што работат по МКФ: 02 6091752 и 074 202 838.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

На 18.01.2021 Министерството за труд и социјална политика согласно Програмата за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со тешка и најтешка телесна попреченост, лица со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица за 2021 година (Службен весник на Република Севрна Македонија бр.8/21) објави јавен повик за поднесување на барање за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил.